X
 09.10.2015 Живот

Зошто Британците постојано зборуваат за времето?

Една од првите асоцијации кога станува збор за Велика Британија и Британците е времето, односно променливите временски услови. Често ги замислуваме како секогаш со нив носат чадори.

Меѓутоа, не е случајно тоа што ова е една од првите асоцијации кои можат да се поврзат со Британците. Имено, познато е дека и самите тие често разговараат за времето и дека тоа е една од најчестите теми во секојдневните разговори. Дали е ова стереотип или вистина? Поради големиот интерес за ова прашање од страна на оние кои не живеат во Британија, направено е истражување на оваа тема.

Во истражувањето беа вклучени 2.000 возрасни Британци. Тие дадоа искрени одговори на прашањето - колку често, во кои прилики и со кој разговарате за времето? Врз основа на овие податоци дојдено е до заклучок дека Британците дури и по три пати дневно разговараат за времето, а разговорите на оваа тема траат околу три минути.

Ако се земе во предвид овој податок, се доаѓа до заклучокот дека Британците дневно за времето разговараат по девет минути односно по еден час во текот на една недела. Освен што помеѓу себе разговараат за дождот, температурата, ветерот, сонцето - тие за временските услови пишуваат и коментари на друштвените мрежи, такашто скоро секој Британец пишува барем по еден коментар неделно којшто е инспириран од времето.

Покрај тоа, секој просечен Британец поминува по околу 11 минути неделно во проверување на временските прогнози на разни веб страни, телевизија или апликации за паметните телефони.

Познавајќи ги и како доста учтиви луѓе, Британците признаваат дека времето е доста погодна тема за разговор поготово ако разговараат со непознати луѓе.

Според Британците времето е честа тема бидејќи за нив е доста важна временската прогноза која во Британија е доста променлива, често непредвидлива, а во голема мера делува и на активностите и расположението на поединци.

Кога е времето тема на разговор Британците најчесто разговараат за студот, потоа за дождот, ветерот и на крај за жештината за којашто разговараат најмалку.

Освен разговорите за времето, Британците сакаат да разговараат и за дневните временски прогнози, односно колку се тие точни односно неточни.

Од 7 до 10 Британци веднаш после станување на утро проверуваат какво време ги очекува во текот на денот погледнувајќи низ прозорецот и посегнувајќи кон својот најрелевантен извор за временска прогноза.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот