Посетата на вашата градска библиотека е најдобриот начин да го прославите март, кој е прогласен за Интернационален месец за читање. Некои библиотеки користат уникатна архитектура за да ги охрабрат посетителите да ги истражуваат полиците и да ја најдат книгата што им одговара. Погледнете како овие библиотеки ја одржуваат во живот магијата на читањето.
1. Библиотеката во Канзас Сити, Мисури
Надворешните ѕидови на библиотеката се како една огромна полица од книги. Зградата првично служела како банка, што е очигледно особено кога библиотеката има проекции во театарот „Волт“ во рамките на вистинскиот банкарски трезор од 1925 година.
2. Библиотеката „Васконселос“, Мексико Сити, Мексико
Позната како мегабиблиотека, ентериерот на оваа библиотека повеќе личи на масовен простор за складирање отколку на библиотека. Отворениот ентериер создава лавиринтен ефект и го опкружува „Матрикс Мобиле“, од Габриел Орозко, склуптура направена од скелетот на кит. Надворешноста е опкружена со огромни бујни градини посветени на растенија ендемични во Мексико.
3. Градската библиотека во Штутгарт, Германија
Отворена во 2011 година, оваа библиотека на девет ката е дизајнирана од „Ји Архитектс“ и се карактеризира со неверојатна шема на бела боја (осветлена со сина светлина во текот на ноќта) и квадратна форма. Овој културен центар на градот, дизајниран за посетителите да го чувствуваат простран и полн со светлина, може да се посети од која било од неговите четири страни, а посетителите освен книги може да позајмуваат и уметнички дела.
4. Библиотека „Сандро Пена“, Перуџа, Италија
Во земја позната по класичната архитектура и историски градби, оваа библиотека се издвојува поради својата модерна градба. Библиотеката била отворена во 2004 година и го носи името на еден локален поет.
5. Библиотека на плажа, Албена, Бугарија
Читањето книги на плажа е класика, а во Бугарија една библиотека ги поттикнува туристите да читаат на плажа. Белите полици отпорни на временските услови нудат 6.000 книги на 15 јазици, така што секој посетител може да ја пронајде совршената книга.
6. Библиотека на камили, Североисточна провинција, Кенија
Фото: Screenshot/Youtube
За да се бори против ниските стапки на писменост во Кенија, владата создала библиотека составена од девет камили што носат книги во селата. Камилите патуваат четири дена во неделата овозможувајќи им книги на номадските народи во регионот. Во моментов услугата се фокусира на децата, но со поголемо финансирање планираат да ги зголемат дестинациите и бројот на наслови што ги носат.
7. Библиотеката „Бишан“, Сингапур
View this post on Instagram
📍Публичная библиотека Бишан, Сингапур. Библиотеке всего 12 лет, но она уже стала гордостью и одним из самых привлекательных мест для интеллектуального отдыха жителей Сингапура и гостей маленького государства. Авангардное здание, кажущееся почти прозрачным, создано в полном соответствии с требованиями времени. Внутри каждое помещение устроено так, чтобы читателям было комфортно не только читать. Отдельные блоки из цветного стекла позволяют уединиться, чтоб почитать в тишине или помечтать в пространстве, где никто не беспокоит. Особые залы с высокой звукоизоляцией созданы для того, чтобы читатели могли не только насладиться чтением, но и обсудить книги с друзьями или незнакомцами. . . . . . #сингапур #singapore #bishanlibrary #studyabroad #kyrgyzstan #bishkek #uzbekistan #kazakhstan #almaty #astana #tajikistan #dushanbe #khujand #tashkent #samarkand #shymkent #silkroad #ош #uzb #таджикистан #казахстан #кыргызстан #узбекистан #бишкек #душанбе #ташкент #алматы
A post shared by Учеба заграницей👨🏻🎓👩🏼🎓🌎 (@eduzon.io) on
Изградена во 2006 година, дизајнот на оваа библиотека е направен да личи на модерна стаклена куќарка на дрво. Стаклените подови со различна боја создаваат пријатни места за читање низ целата зграда. Истовремено, отворената соба за деца на подрумот повикува на интеракција и спречува детскиот џагор да им пречи на оние што се концентрираат да читаат на погорните катови.
8. Универзитетска библиотека на „Сеикеи“, Јапонија
Библиотеките обично се познати по нивната тивка атмосфера, но оваа библиотека охрабрува разговор. Наградуваниот архитект Шигеру Бан ја дизајнирал библиотеката со бесплатни слушалки за да ги почитува оние на кои им е потребен мир, а истовремено библиотеката е погодна и за други методи на учење и совршено место за учење во групи и живи дискусии.
9. Универзитетската библиотека на „Мескуајр“
Неверојатна комбинација од одржливост и модернизам, библиотеката била изградена од рециклирани материјали, има зелен покрив и била дизајнирана да го имитира изгледот на евкалиптус. Исто така, роботски кранови ви ги носат книгите што ги барате.
Фото: Instagram