X
 30.09.2018 Култура

Казна од 500 евра во оваа земја ако седнете на недозволено место

Колку и да звучи лудо, туристите во Венеција би можеле да добијат висока парична казна за седење на места каде што не смее да се седи. Ова е уште една нова забрана што се чини прилично бизарна.

Замислете, шетате низ Венеција и трошите, и сакате да седнете некаде настрана. И таман ќе седнете, добивате казна од 500 евра. Со ваквото казнување всушност државата сака да ги научи туристите на пристојност, бидејќи Венеција смета дека нивното однесување е неприфатливо.

венеција
Фото: Dominic Arizona Bonuccelli


Идејата што ја предложил градоначалникот Луиџи Брунаро на дневен ред за гласање, ќе се одржи во октомври, а со оглед на тоа дека градоначалникот го има мнозинството, предлогот ќе биде прифатен. Ова е само една во низата нови забрани. Во мај беше забрането отворање на нови објекти за брза храна.

Во меѓувреме, било донесено и ограничување на големината на бродови што можат да пловат, а уште од одамна е забрането седење на мостот Риалто и плоштадот Св.Марко. Сепак, на забраните не се согласуваат сите, па така, еден Венецијанец смета дека се забрануваат погрешни работи.

-Недостатокот на почит не е кога младите немаат многу пари, па купуваат сендвич и седнат да го јадат на некои скали. Ако навистина сакаме да ја почитуваат Венеција, за почеток не се ограничи бројот на станови и апартмани што можат да се изнајмуваат за туристите - вели Томасо Качари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура