X
 07.12.2022 Живот

Symphony Digital го отвора првиот технолошки центар во Македонија

Symphony Digital (Симфони дигитал) има влијание на ИТ-пазарот во Македонија од 2019 година. Кога првпат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно ја поставија основата за нови можности за талентирани ИТ-инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ-екосистем. Оттогаш, Symphony Digital (Симфони дигитал) гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и енергетскиот сектор за развој и спроведување врвни дигитални производи.



За крунисување на успесите и резултатите во претходните четири години, во среда, 14 декември 2022 година, Symphony Digital (Симфони дигитал) официјално ќе го отвори технолошкиот центар во Скопје, прв од ваков вид во Македонија. Ова е трет технолошки центар на Symphony Digital (Симфони дигитал) во Југоисточна Европа, по Нови Сад и Сараево.

Следејќи ја истата визија за создавање простор кој одговара на потребите на вработените, притоа овозможувајќи им да се среќаваат, да соработуваат и да растат заедно, се надеваме дека ќе го видиме новиот технолошки центар Symphony Digital (Симфони дигитал) како место на кое се раѓаат иновациите и се споделува знаење и место на кое се одржуваат значајни и квалитетни настани, како и во нашите други технолошки центри.



Технолошкиот центар Symphony Digital (Симфони дигитал), со 2.200 квадратни метри, содржи повеќе од 15 конференциски сали, сауна, фитнес-сала, зона за релаксација и забава и тераса на покривот, а приземјето нуди широк простор од отворен карактер. Столбовите на кои се заснова Symphony Digital (Симфони Дигитал) се постигнување на извонредни резултати, притоа создавајќи мотивирачка атмосфера за секој член на заедницата.



- „Symphony Digital (Симфони дигитал) нуди многу можности. Ние се стремиме да го направиме овој простор да биде плоден не само за вработените, туку и за локалната ИТ-заедница во Скопје. Нашиот технолошки центар во Скопје е уште еден одличен пример за нашата визија, која секојдневно ја живееме во нашата работа и однесување. Го препознавме талентот на инженерите од Македонија пред многу години и денес, со новиот технолошки центар, правиме огромен чекор напред кон подобрување и унапредување на нашата работна средина, со многу пошироко влијание врз локалната економија, како и развивање на микрозаедниците во Скопје - изјави Зоран Маневски, директор на Symphony Digital (Симфони дигитал).

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот