X
 28.04.2024 Наука

Научници развиваат збогатен биоориз за борба против недостигот на хранливи материи

Тим од Универзитетот во Женева (УНИГЕ), заедно со истражувачкиот универзитет во Цирих (ЕТХ) и Националниот универзитет „Чунг Хсинг“ во Тајван (НЦХУ), создал ориз кој има зголемена содржина на витамин Б1.

Витаминот Б1 е суштински микронутриент за луѓето. Неговиот недостиг е причина за многу заболувања на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Тимот постигнал значителен напредок во борбата против недостигот на витамин Б1, кој често се поврзува со исхраната базирана на ориз.

Со специфично таргетирање на хранливите ткива на зрното ориз, научниците можеле значително да ја зголемат неговата содржина на витамин Б1 без да го загрозат агрономскиот принос. Овие резултати би можеле да помогнат во решавањето на големиот здравствен проблем во регионите каде што оризот е основна храна.

Повеќето витамини човечкото тело не може да ги произведе, па тие мора да се добијат од исхраната. Кога исхраната е разновидна, потребите за витамини се претежно задоволени. Но, кај популациите каде што житарките како оризот се главниот или дури и единствениот извор на храна, недостатоците се вообичаени. Ова особено се однесува на витаминот Б1 (тиамин), чиј недостиг предизвикува многубројни нервни и кардиоваскуларни заболувања.

Оризот е основна култура за половина од светското население, особено во Азија, Јужна Америка и Африка. Зрната од ориз содржат ниски нивоа на витамин Б1, а обработката на оризот го намалува присуството на витаминот уште повеќе, отстранувајќи дури 90 отсто. Затоа, оваа практика дополнително ги влошува хроничните недостатоци.

Лабораторијата на Тереза Фицпатрик, редовен професор на Катедрата за наука за растенијата при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Женева, е специјализирана за биосинтеза на витамини и патиштата на деградација кај растенијата. Нејзината група, во соработка со тимот од Цирих и Тајван, се фокусирала на подобрување на содржината на витамин Б1 во ендоспермата на оризот, односно хранливото ткиво што го сочинува најголемиот дел од семето, а со тоа и она што се консумира.

- Претходните обиди за биофортификација од страна на други тимови успеаја да ја зголемат содржината на витамин Б1 во лисјата и триците - надворешниот слој на зрното ориз, но, не и во готовото зрно ориз за јадење. Во нашата студија ние конкретно имавме цел да ја зголемиме содржината на витамин Б1 во ендоспермата - објаснила Тереза Фицпатрик, водечкиот автор на студијата.

Една чинија со 300 грама ориз од оваа култура обезбедува околу една третина од препорачаната дневна доза на витамин Б1 за возрасен човек. Следниот чекор кон целта на биофортифицираните растенија со витамин Б1 ќе биде имплементација на овој пристап во комерцијалните сорти. Сепак, мора да се преземат регулаторни чекори поврзани со биофортификација преку генетски инженеринг пред да се одгледуваат овие растенија.

 

Извор: Okvir.net

Фото: Freepik

Тим од Универзитетот во Женева (УНИГЕ), заедно со истражувачкиот универзитет во Цирих (ЕТХ) и Националниот „Чунг Хсинг“ универзитет во Тајван (НЦХУ), развиле линија на производтство на ориз, кој има зголемена содржина на витамин Б1.

Витаминот Б1 е суштински микронутриент за човечките суштества. Неговиот недостаток е причина за бројни заболувања на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Споменатиот тим на истражувачи, постигнале значителен напредок во борбата против недостатокот на витамин Б1, кој често се поврзува со исхраната базирана на ориз.

Со специфично таргетирање на хранливите ткива на зрното ориз, научниците можеле значително да ја зголемат неговата содржина на витамин Б1, без да го загрозат агрономскиот принос. Овие резултати, би можеле да помогнат во решавањето на голем јавно здравствен проблем во регионите каде што оризот е основна храна.

Повеќето витамини човечкото тело не може да ги произведе, па тие мора да се добијат од исхраната. Кога исхраната е разновидна, потребите за витамини се претежно задоволени. Но, кај популациите каде житарките како оризот се главниот или дури и единствениот извор на храна, недостатоците се вообичаени. Ова особено се однесува на витаминот Б1 (тиамин), чиј недостаток предизвикува бројни нервни и кардиоваскуларни заболувања.

Оризот е основна култура за половина од светското население, особено во тропските земји во Азија, Јужна Америка и Африка. Зрната од ориз содржат ниски нивоа на витамин Б1, а обработката на оризот го намалува присуството на витаминот уште повеќе, отстранувајќи дури 90%. Затоа, оваа практика дополнително ги влошува хроничните недостатоци.

Лабораторијата на Тереза Фицпатрик, редовен професор на Катедрата за наука за растенијата при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Женева, е специјализирана за биосинтеза на витамини и патиштата на деградација кај растенијата. Нејзината група, во соработка со тимот од Цирих и тајван, се фокусирала на подобрување на содржината на витамин Б1 во ендоспермата на оризот, односно хранливото ткиво што го сочинува најголемиот дел од семето, а со тоа и она што се консумира.

-Претходните обиди за биофортификација од страна на други тимови успеаја да ја зголемат содржината на витамин Б1 во лисјата и триците - надворешниот слој на зрното ориз – но, не и во готовото зрно ориз за јадење. Во нашата студија, ние конкретно имавме за цел да ја зголемиме содржината на витамин Б1 во ендоспермата - објаснила Тереза Фицпатрик, водечкиот автор на студијата.

Научниците создале линии на ориз кои изразуваат ген, кој го контролира витаминот Б1 во ткивата на ендоспермата. По одгледувањето во оранжериите, бербата и полирањето на зрната ориз, тие откриле дека содржината на витамин Б1 во зрната ориз од овие линии - била зголемена. Линиите потоа биле посеани на експериментално поле во Тајван и се одгледувале неколку години. Од агрономски аспект, анализираните карактеристики биле исти и за модифицираните и за немодифицираните растенија ориз. Висината на растението, бројот на стебла по растение, тежината на зрното и плодноста биле споредливи.

Од друга страна, нивото на витамин Б1 во зрното ориз, по фазата на полирање, во модифицираните линии се множи со 3 до 4 пати. Затоа оваа модификација овозможува акумулација на витаминот Б1, без да се влијае на приносот.

„-Повеќето студии од овој вид се спроведуваат со култури кои се одгледуваат во оранжерии. Фактот дека можевме да ги растеме нашите линии под реални теренски услови, дека изразот на модифицираниот ген е стабилен со текот на времето, без да влијае на какви било агрономски карактеристики, е многу ветувачки - рекол Вилхелм Груисем, почесен професор на Универзитетот во Цирих.

Една чинија со 300 грама ориз од оваа култура, обезбедува околу една третина од препорачаната дневна доза на витамин Б1 за возрасен човек. Следниот чекор кон целта на биофортифицираните растенија со витамин Б1, ќе биде имплементација на овој пристап во комерцијалните сорти. Сепак, мора да се преземат регулаторни чекори поврзани со биофортификација преку генетски инженеринг, пред да се одгледуваат овие растенија. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука