X
 08.01.2019 Култура

„Игра на троновите“ - најновиот трејлер покажува дека на повидок е нов сојуз?

На доделувањето на „Златните глобуси“, награди чија цел е да им се даде почест на најдобрите филмови и серии од изминатата година, мал тизер од последната сезона на „Игра на троновите“ го украде шоуто.

Ејч-би-о објави кратка реклама (која се емитуваше за време на паузата) за претстојните серии, вклучувајќи ја и серијата „Игра на троновите“.

- Винтерфел е ваш, ваше височество - ѝ рече Санса Старк на Денерис Таргариен на видеото кратко неколку секунди, сигнализирајќи сојуз меѓу двете девојки.

Затоа што следната сезона од оваа серија е последна и затоа што има релативно малку податоци за неа, средбата меѓу Санса и Денерис е голема работа. Наводно, Санса и Денерис мора да работат заедно за да ја поразат инвазијата на Белите шетачи, кои пристигнаа до Ѕидот минатата сезона. Со оглед на тоа што средбата е прикажана како смирена и љубезна, тоа може да индицира дека тие сѐ уште не знаат за ледениот змеј што го нападна Ѕидот.

Освен „Игра на троновите“, на клипчето има и неколку снимки од втората сезона на „Големи мали лаги“, долгоочекуваната сезона на „Вистински детектив“ и неколку други серии. Сепак, тешко дека некоја од нив ќе им го одземе вниманието на гледачите од „Игра на троновите“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура