Тирион Ланистер беше изгласан за најдобриот лик во „Игра на троновите“. Генијалецот кој има проблем со однесувањето и пиењето се најде на првото место во онлајн анкетата, победувајќи ги големите имиња од светот на Вестерос.
На второ место се најде Кралот на северот, Џон Сноу, а на трето место се најде Арја Старк.
Тирион стана омилен меѓу фановите уште од самиот почеток токму поради неговите коментари и неговото пиење, пристап што го следи веќе подолго време, во свет во кој бил принуден да живее. Тој го уби неговиот татко, го издаде своето семејство, и сепак, сите сѐ уште го сакаат. Да бидеме фер, неговиот татко беше доста лош човек, а неговото семејство се инцестуозни морони.
Како што повеќето знаете, наредната сезона на „Игра на троновите“ ќе биде последна, па така голем дел од вас се прашуваат дали сите ваши омилени ликови ќе успеат до крајот на серијата. И покрај тоа што сезоната сѐ уште не излегла, безбедно е да кажеме не.
Веќе знаеме дека големата битка со која ќе завршат сите битки во
Вестерос ќе се случи во последната сезона, а Питер Динклаџ (ликот што го глуми Тирион), вели дека „Битката на копилињата“ е ништо во споредба со оваа битка.