X
 08.01.2020 Технологија

„Тојота“ сака да изгради мал утописки град

„Тојота“ истражува и тестира роботика, материјална наука, автоматско возење и алтернативна технологија за гориво во лабораториите низ целиот свет. Сега производителот на автомобили има нов и далеку поамбициозен проект: изградба на прототип на град што ќе се протега на 70 хектари во подножјето на планината Фуџи во Јапонија, каде што ќе живеат луѓе кои ќе работат на проектите на „Тојота“, вклучувајќи ги и нејзините автономни „е-Палете“ летала и роботи.

- Ова нема да биде друга локација за тестирање - вели претседателот Акио Тојода. Изградбата на првата фаза од градот, кој ќе биде дизајниран од познатиот дански архитект Бјарк Ингелс, ќе почне во 2021 година. Неговата фирма има дизајнирано проекти од висок профил како што е Светскиот трговски центар 2 во Њујорк, Лего-куќата во Данска и други.

- Ова е мое лично поле на соништата. Ако го изградат, луѓето ќе дојдат. Замислете целосно контролирана локација што на истражувачите, инженерите и научниците ќе им овозможи слободно тестирање на технологијата, како што се автономија, подвижноста како услуга, роботиката и паметната технологија поврзана со домовите, вештачката интелигенција и слично - вели Тојода.

grad

Градот ќе биде наречен Вовен и ќе биде целосно поврзан екосистем напојуван од водородни горивни ќелии. Домовите ќе бидат опремени со технологии за поддршка на човекот, како што е роботика во домашни услови за да помогнат во секојдневниот живот. Вештачката интелигенција базирана на сензори ќе биде насекаде за да го проверува здравјето на жителите и да се грижи за основните потреби.

На патиштата ќе има само целосно автономни возила што ќе испуштаат нулта емисии. Автономниот „Тојота е-Палетес“ ќе се користи за транспорт и испорака, како и за подвижна малопродажба.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија