X
 18.09.2017 Наука

Истражувачите креирале микроскопски робот од ДНК

Со децении научниците се надеваат дека еден ден ќе креираат мали наноботови кои ќе можат да работат на микроскопско ниво. Иако некогаш ова ќе биде реалност, сепак во моментов наноботовите се научна фантастика. Но, група од истражувачи работи за да го промени тоа преку креирање прототип на нанобот создаден од ДНК.

фото извор: Demin Liu

Научниците истакнува дека сакаат да испратат молекуларни роботи на мали места каде што луѓето немаат пристап, како на пример, крвотокот. Истражувачите создале робот преку користење 3 дела, секој индивидуално конструиран од линии на ДНК. Првиот дел е „нога“, односно делот кој може да го движи роботот. Се состои од две „стапала“ што се поставени на специјална површина, а само едно стапало може да биде приклучено за површината, а не двете истовремено. Кога едното стапало ќе биде поставено долу, другото автоматски се подигнува, па така изгледа дека роботот оди.

Вториот дел е „рака“, која може да зема мали парчиња од флуоресцентна боја. Раката може да ги држи тие парчиња и да ги носи околу површината. Завршниот дел е сензор кој може да препознае специфична точка за испуштање и да ја сигнализира раката да се отпушти. Овие 3 дела можат да функционираат заедно за да сортираат различни пакети на бои.

Ако можат да бидат програмирани да ги движат пакетите со бои наоколу, можат да бидат програмирани и да придвижуваат други работи. Со тек на време ДНК-роботите би требало да се користат за изведување секакви задачи.

Истражувачите се надеваат дека ДНК-роботите ќе можат да се користат за синтетизирање на терапевтски хемиски форми во вештачката молекуларна фабрика, доставувајќи лек само кога специфичен сигнал ќе биде даден во крвотокот или во клетките. Истражувачите сметаат дека ова ќе биде возможно наскоро.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука