Градоначалникот на Општина Муланај на Филипините, Аристотел Агире, вовел „политика за насмевка“ откако положил заклетва за градоначалник. Имено, на сите вработени во локалната власт им наредил со насмевка да ги услужуваат граѓаните.
Агире се надева дека воведувањето на новата политика ќе го подобри нивото на услугите што ги обезбедува локалната власт.
Во наредбата на градоначалникот се вели дека политиката за насмевка мора да се усвои во услужните индустрии за да се покаже искреност и чувство на мирна и пријателска атмосфера.
Градоначалникот рече дека новата политика доаѓа како одговор на поплаките од локалните жители, вклучувајќи ги и фармерите и рибарите, за непријателскиот третман што го добивале од вработените во градското собрание кога оделе да платат даноци или да побараат помош за некој проблем.
- Кога ќе пристигнат, тие се зачудени од односот на луѓето со кои комуницираат - вели Агире. Токму затоа тој сака да го промени ставот на административните работници.
Вработените што нема да ја почитуваат наредбата може да се соочат со казна во износ од шестмесечни плати или да бидат суспендирани од работа.
На прашањето како ќе се применува правилото кога од Филипинците сè уште се бара да носат маска за лице во јавноста, Агире рече дека луѓето чувствуваат кога некој искрено им помага.
- Секој службеник/вработен за кој ќе се утврди дека ја прекршил оваа наредба, ќе биде одговорен според постојните закони, упатства, правила и прописи - се вели во наредбата од 5 јули.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Facebook/Kuya Aris Aguirre