Новото истражување кое направи анализа на ДНК на 90.000 луѓе кои за себе рекле дека се ранобудни или ноќни птици открива дека луѓето кои стануваат порано се послаби од оние кои подоцна си легнуваат.
Луѓето кои стануваат порано имаат и помала склоност кон депресија, а научниците дошле до ова откритие благодарение на податоците на компанијата за тестирање на гени, „23AndMe“.
Научниците откриле 15 гени кои биле поврзани со раното станување, а тие исто така може да се одговорни за телесната тежина.
„Сакаме да мислиме дека нашите преференци и однесување е суштината на она што сме и интересно е да се види како сето тоа влијае врз работите, како тоа дали сме ранобудни или ноќни птици“, вели научникот Дејвид Хајндс.
„Со големата база на податоци која ни беше достапна во текот на истражувањето можевме да откриеме генетика која се крие позади различните состојби и болести и подобро да сфатиме на кој начин се разликуваме едни од други“.