X
 10.04.2020 Здравје

Успешното справување со коронавирусот на Фарските Острови се должи на еден ветеринар

Еден ветеринар кој ја адаптирал својата лабораторија за да прави тестови за коронавирус најмногу придонел за одбегнување смртни случаи од коронавирус на Фарските Острови.

Оваа островска група направила тестови на најголем процент од населението во споредба со кое било друго место во светот. Само едно лице заболено од Ковид-19 е хоспитализирано на Фарските Острови во моментов. Досега немало смртен случај од болеста. Градинките и дел од основните училишта ќе бидат отворени на 20 април.


Фото: Pixabay

Локалните политичари велат дека успехот во пристапот на островската група кон заразата се должи на ветеринарот Дебес Кристијансен, кој работи во лабораторија за болести кај рибите и животните.

Кристијансен ја предупредил владата на почетокот од јануари дека се потребни подготовки за потенцијалното ширење на вирусот од Кина. Неговата лабораторија била адаптирана за тестирање на луѓе.

Според официјалните податоци, 10% од населението се тестирале, а лекарите ги следеле сите што биле во контакт со оние 184 луѓе кои имале позитивен тест. Досега оздравеле 131 лице.


Фото: Pixabay

- Многу беше лесно да се адаптирам. Единствената работа што ја сменив беа дел од состојките - вели Кристијансен.

Лабораторијата има капацитет за 1.000 тестови дневно доколку е потребно.

Автор: Даниел Бофи
Извор: theguardian.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје