X
 04.09.2017 Наука

Детектирани непознати сигнали во вселената

стивен
Фото: NАЅА

Во потрага по знаци од вонземјани, астрономите детектирале 15 силни радиосигнали што доаѓаат од џуџестите галаксии оддалечени 3 милијарди светлосни години од Земјата.

Изворот на овие сигнали е непознат. Некои шпекулираат дека доаѓаат од црните дупки или ротирачките неутронски ѕвезди со исклучително силни магнетни полиња. Други имаат поинтересна теорија - дека се сигнали од вонземјани.

Сигналите биле забележани од членовите на проектот наречен „Брејктру лисен“, иницијатива вредна 100 милиони долари, со цел да се пронајдат знаци на интелигентен живот во вселената, иницирана од Стивен Хокинг и рускиот милијардер Јури Милнер. Претходно биле забележани 20 брзи радиосигнали. Бидејќи траат само неколку милисекунди, радиотелескопот во одреден момент може да забележи само мала област од небото, па забележано е повторување на сигналот од само еден извор.

Изворот, познат како „FRB 121102“, бил откриен во 2012 година и се наоѓа во џуџеста галаксија на околу 3 милијарди светлосни години од Земјата. Сега, истиот извор пријавува 15 нови сигнали со поголема фреквенција од претходно.

galaksija

„Освен што е потврдено дека изворот на сигнали е нов, високата резолуција на податоците, собрани од инструментот, ќе овозможи мерење на карактеристиките на овие мистериозни сигнали со поголема прецизност од кога било“, вели истражувачот Вишал Гајар, кој работи на проектот.

Ендру Сиемон, директор на Центарот за истражување „SETI“ и на програмата на „Брејктру Лисен“, вели: „Без разлика дали ќе откриеме дека ова се знаци на вонземска технологија или не, овој проект ќе ни помогне да поставиме граници на ново и брзорастечко разбирање на универзумот околу нас“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука