X
 17.08.2019 Живот

Научниците откриле колку планети во вселената би можеле да се слични на Земјата

Ново истражување дава најдобра процена уште колку планети слични на Земјата орбитираат околу ѕвездите слични на Сонцето.

Откритието ќе им помогне на астрономите додека ги истражуваат планетите за знаци на вонземски живот, обидувајќи се да разберат повеќе за нив.

Вселенскиот телескоп на НАСА, „Кеплер“, помогна во откритието дека постојат илјадници планети кои чекаат надвор од нашиот Сончев Систем, орбитирајќи околу своето сонце. Во текот на речиси десетгодишното скенирање на небото, телескопот внимаваше на транзитни настани - каква било светлина што се случува кога некоја планета се движи пред ѕвезда, што може да се искористи за да се разберат големината и карактеристиките на тие планети.

Но, научниците сакаат да знаат колку од тие други светови се слични на нашиот.

- „Кеплер“ откри планети со широк спектар на големини, композиции и орбити - вели Ерик Б. Форд, професор по астрономија и астрофизика во Пен Стејт и еден од водачите на истражувачкиот тим.

- Сакаме да ги искористиме овие откритија за да го подобриме нашето разбирање за формирање на планетите и да ги испланираме идните мисии за истражување на планети што би можеле да се населат - додава Форд.

За да се обидат да разберат колку вакви планети постојат, научниците откриле нов метод што ќе им помогне да проценат колку планети би можеле да се формираат. Тие развиле модел што им овозможува да создадат нови, имагинарни универзуми од ѕвезди и планети - и потоа следат и гледаат колку од нив би биле избрани од вселенскиот телескоп „Кеплер“, а колку би биле промашени.

- Го искористивме финалниот каталог на планети, идентификувани од „Кеплер“ за да ги изградиме нашите симулации - рече Данли Хсу, дипломиран студент од Пен Стејт и автор на трудот.

- Споредувајќи ги резултатите со планетите ставени во каталогот од „Кеплер“, ја карактеризиравме стапката на планетите по ѕвезда и дали тоа зависи од големината на планетата и оддалеченоста од орбиталата. Нашиот нов пристап му овозможи на тимот да има предвид неколку ефекти што не биле вклучени во претходните истражувања - додава Данли.

Научниците сега можат да ги искористат наодите за да го прочешлаат остатокот од универзумот во потрага по планети што изгледаат како нашата, со надеж дека ќе лансираат нова голема мисија. Колку амбициозна ќе биде таа мисија, ќе зависи од тоа колку планети чекаат да бидат откриени.

Научниците откриле дека веројатно постојат планети како нашата - помеѓу три четвртини и еден и пол пати поголеми од нашата и со слична должина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот