X
 08.02.2019 Технологија

„Фејсбук“ ќе ви каже кој ги искористил вашите податоци за реклами

„Фејсбук“ воведува дополнителни чекори со кои планира да ги спречи компаниите да ги употребуваат податоците на корисниците за реклами, а целта е да се присилат да бидат повнимателни.

Од 28 февруари познатата социјална мрежа, во рамките на опцијата „Зошто ја гледам оваа реклама“ ќе дава можност да видите дали некој ги испратил вашите информации до рекламните агенции за да ви излезе оваа реклама. Со други зборови, точно ќе знаете од каде доаѓа огласот - дали од продавницата или од некој надворешен партнер.

За потсетување, досега „Фејсбук“ само го пишуваше името на компанијата што ги користеше вашите податоци.

Секако, оваа опција нема целосно да ја прекине злоупотребата на податоци, но би можела да објасни на кој начин огласувачите ги добиле вашите податоци и да ви даде можност да го ограничите пристапот на вашите податоци во иднина. Ова ќе му помогне на „Фејсбук“ да ги фати партнерите што ги проследуваат вашите податоци без одобрување и со тоа да ги присили да размислат двапати пред да ги користат податоците.
Со оглед на тоа што ни самиот „Фејсбук“ не е транспарентен како што треба да биде, ова дефинитивно е чекор кон правилна насока.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија