X
 08.02.2019 Наука

Научници поттикнале делумен раст на ампутирани прсти кај глувци

Научници идентификувале два протеини што можат делумно да стимулираат раст на ампутирани прсти кај глувци, откритие кое нè носи чекор поблиску до денот кога ќе можеме да заменуваме ампутирани екстремитети кај луѓе.

Додека растот на коските беше постигнат претходно, новото истражување покажува знаци на раст и на глужд, односно ниво на сложеност кое претходно не сме го виделе. И глуждовите и коските се клучни ако некој се обидува да си поврати екстремитет.

Научниците претходно регенерираа коски кај глувци со користење на протеинот БМП2, а сега додале уште еден протеин во миксот: БМП9. Кога ја искористиле комбинацијата кај глувци со ампутирани прсти, повеќе од 60 отсто од исечените коски формирале слој на 'рскавица во рок од три дена. Без протеините ампутираните прсти ќе заздравеле како и обично.

'Рскавицата е клучен дел од глуждовите и покажува напредок во регенерацијата на екстремитетите. Дури и кај животни на кои природно може да им израснат нови екстремитети ретко може да се види раст на глужд и на коска.

Резултатите од студијата покажуваат дека процесот на регенерација најмногу се забрзал кога најпрвин бил употребен БМП2, а БМП9 бил додаден по една недела. Во овој случај тоа довело до раст на покомплетни структури на глуждови, дури и со некои поврзувања со коската.

Иако сме далеку од регенерирање на цели екстремитети кај глувци, можеме да одиме чекор по чекор, а ова е еден од тие чекори.

Кен Мунеока од Универзитетот „А&M“ од Тексас, еден од истражувачите, истакнува дека истражувањето покажува оти цицачите можат да регенерираат делови од телото ако има соодветен поттик.

- Тие го можат тоа, само не го прават. Па, мораме да сфатиме што ги сопира - изјави тој.

Ќе ни бидат потребни уште многу истражувања за тоа како „да ги вклучиме“ овие клетки на вистинскиот начин, но тимот што стои зад студијата има надежи. На крајот, истражувањето може дури и да помогне во терапиите за болести како остеоартритис - природно заменувајќи наместо трансплантирајќи ја 'рскавицата.

Ако на крајот се развијат третмани за замена на загубените екстремитети, протеините БМП2 и БМП9 може да бидат поврзани со тоа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука