X
 08.02.2019 Живот

Службеници во Будва не одат на работа, а добиваат плата

Дури 90 работници од општинската администрација и јавните претпријатија во Будва не одат на работа, а уредно примаат плата, што на годишно ниво ја чини Општината околу половина милион евра.

Потпретседателот на Општина Будва, Владимир Булатовиќ, ги повика сите работници во општинската администрација, јавни претпријатија и установи, кои со години редовно примаат плата, а не одат на работа, да поднесат барање за отпремнина и работните места да им ги препуштат на оние што сериозно сакаат да работат.

Булатовиќ претходно изјави дека 90 луѓе вработени во општинската администрација и јавните претпријатија не одат на работа, а уредно примаат плата, што годишно ја чини Општината околу 500.000 евра.

Формирани се две комисии на државно ниво што ќе се занимаваат со проблемот со вработените кои не си ја вршат својата должност.

Сличен проблем имаат поголем број општини во Црна Гора, па државата формирала државна дисциплинска комисија и комисија за жалби.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот