X
 21.09.2020 Економија

Отворено писмо до министерот за економија од работниците на брод: Принудени сме да ве потсетиме на нашето постоење

Отворено писмо до министерот за економија од работниците на брод

Почитуван министре,

Принудени сме да ве потсетиме на нашето постоење. Ќе се обидеме да останеме доволно културни и жестоки за да го привлечеме Вашето внимание. Симптоматично е тоа што со една нога веќе сме надвор од татковината. Винстон Черчил вели дека говорот треба да биде како женско здолниште: доволно долг да ја покрие темата и доволно краток да нè држи заинтересирани. Затоа, ќе се обидеме да го истиснеме најважното од нашиот „копаничарски“ живот.

Една држава е како една фамилија ако се земе светот како глобално село. Вие најдобро знаете за освежителната инфузија која ние како бродски работници ја даваме. Невидливиот економски увоз е најпосакуван за државата, односно фамилијата. За шестгодишните деца претходнава реченица во превод значи: Некој да се понуди и да ги плати сметките за живот во наредните 6 месеци без да биде чепнат семејниот буџет. Точно дека државата наша нè принуди да тргнеме во потрага по инфузијата, но за таа цел се покажавме меѓу најдобрите странски инвестиции. Не сте изневерени од нас, напротив, парите што ги заработуваме се слеваат во државната каса. Сега во наше име, за општа жал, дојде на ред да мора да му се помогне на она дете кое уште од мало самостојно се издржува и ја помага фамилијата. Свесни сме дека и големи развиени земји клекнаа на колена, но парадоксално се јавува непогрешливото его во нас кое одбива рационално да суди и не очекувајте да сочувствуваме со сите вас затоа што прво треба да го нахраните човекот, а потоа да очекувате манири.

Не можете да ни ги надоместите високите плати што ги добиваме, но ете ви шанса да покажете што можете.
Одиме со груба бројка од 4.000 работници (а сме повеќе). Еден долар да ни е платата, изнесуваат 4.000 долари месечно, а најмалата брзодостижна плата е минимум 1.000 долари. Вие знаете да сметате.
Ваши, по душа делумно, но на хартија целосно - бродските работници.
Однапред благодарни.
Вие сте на потег.

Игор Николов
Александар Зафиров
Александар Муровски
Марио Конзулов
Јовица Тапарчевски
Мартин Петровски
Виктор Зашков
Џејлан Мехмед
Данчо Атанасовски
Жарко Митрев
Бојан Аврамовски

Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија