Настаните се поделени во три викенди според возраста на учениците. Овој викенд беше наменет за ученици од прво до шесто одделение. Следниот викенд е наменет за повисоките одделенија – 18 ноември за основците од седмо и осмо, а 19 ноември – за деветоодделенците. Последниот викенд е за средношколците - 25 ноември за улениците од прва и втора година, а 26 ноември – за трета и четврта година
Шестоодделенките Ангелина Беличевска и Марија Кајевска од скопската Општина Чучер-Сандево освоија прво место по математика во рамките на манифестацијата „Ноември – месец на науката“ која викендов почна на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На второто место се пласираа Христијан Арсов од Велес и Алексиј Тасиќ од скопски Аеродром, додека третото место го поделија два ученика, повторно од Чучер-Сандево: третоодделенците Анастасија Мазневска и Христијан Чекаловиќ.
Манифестацијата се одржува втор пат, годинава ја координира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ). Настаните се поделени во три викенди според возраста на учениците. Овој викенд беше наменет за ученици од прво до шесто одделение. Следниот викенд е наменет за повисоките одделенија – 18 ноември за основците од седмо и осмо, а 19 ноември – за деветоодделенците. Последниот викенд е за средношколците - 25 ноември за улениците од прва и втора година, а 26 ноември – за трета и четврта година.
Ева ја и листата од наградените ученици кои се натпреваруваа викендов:
Природни науки, од прво до четврто одделение
Прва награда: Матеј Дрвочанов и Миа Живковска од скопската Општина Центар, Матеа Бороски и Мануела Лазаревска од Пробиштип.
Втора награда: Лука Ѓорѓиевски и Марија Наумовска од Центар, Лихнида Грнчиштанова од Кисела Вода, Катерина Арсова од Пробиштип, Матеј Бунтески и Сергеј Гиноски од Пробиштип.
Трета награда: Ана Димова од Неготино, Андреј Тасиќ, Филип Николовски, Марко Панчевски и Мила Манева од Скопје, Костадин Симоновски, Горазд Митревски и Илија Ѓоргиев од Битола.
Природни науки, петто и шесто одделение
Прва награда: Андреј Стојановски од Кратово, Габи Давкова од Штип и Кирил Димитров од Неготино.
Втора награда: Јована Вучкова и Јована Трајкова од Неготино, Екатерина Атанасова од Скопје, Зоран Кундурџиев и Нина Кокочева од Гевегелија, Јована Секуловска од Кавадарци, Симона Секуловска и Елена Стојоска и Мареј Исакоски од Охрид.
Трета награда: Надица Гелева, Симона Атанасова, Елена Лазова и Јулија Ташева од Неготино, Весна Јаневска и Ѓорѓи Пецов од Кавадарци, Анастасија Мангарова, Деана Стојановска и Сукејне Ибрахими од Скопје и Лина Крстова од Кочани.
Географија
Прва награда: Мери Карадаковска и Александра Серафимова од Свети Николе.
Втора награда: Розана Ангелова од Кавадарци.
Трета награда: Сара Јованова и Стефанија Серафимова од Кавадарци и Иван Синадиноски од Прилеп.