Претставници на Државниот универзитет во Делавер им простија студентски долг од 730.655 долари на неодамна дипломираните студенти кои се соочија со финансиски проблеми за време на пандемијата.
Антониот Бојл, потпретседател за стратешко управување на уписите, проценил дека на секој студент му се простени по 3.276 долари, или приближно една третина од годишната школарина. Ова ќе им помогне на повеќе од 220 дипломирани студенти да нема доцнење во приемот на дипломите.
- Многу дипломци низ целата земја ќе ги напуштат факултетите оптоварени со долгови, што ќе им го отежне процесот за изнајмување стан, покривање на трошоците за преселба или на друг начин да се подготват за своите нови кариери или постдипломски студии. Иако знаеме дека нашите напори нема да им помогнат во сите нивни обврски, сметаме дека е од суштинско значење да го исполниме нашиот дел - изјави Бојл.
Средствата потребни за простување на долгот на овие студенти станаа достапни преку планот за спасување од американската федерална влада.
Претседателот на универзитетот, Тони Ален, го објасни значењето на акцијата за раздолжување.
- Нашите
студенти не доаѓаат тука само заради квалитетно искуство. Повеќето се обидуваат да ја променат економската траекторија на нивните животи за себе, за своите семејства и за нивните заедници. Наша одговорност е да направиме сè што можеме за да ги насочиме на правилен пат - изјави тој.
Извор:
Good News Network
Фото: Freepik