X
 04.07.2015 Економија

Најпривлечните компании за 2015 година

Иако познатите имиња повторно доминираат на врвот на ранг листата на најпривлечните работодавци за бизнис студентите, сепак студентите покажуваат поголем интерес во модата и медиумите, според најновото глобално истражување од „Universum“.

 

гоогле


За да утврдат кои компании се меѓу најпривлечните за студентите, истражувањето опфати скоро 82.000 студенти од 366 универзитети вклучувајќи повеќе од 25.000 бизнис универзитети. Студентите кои беа анкетирани во текот на еден период од три месеци, осцилираа со текот на времето, врз основа на активностите на работодавците низ годините. Студентите одговараа на прашања идентификувајќи ги компаниите за кои тие најмногу би сакале да работат, и покажуваа дали планираат да аплицираат во овие компании.

Топ трите места на ова рангирање повторно ги „окупираа“ Google, Walt Disney и Apple кои ги имаа истите места и во 2014 година. Меѓу топ 15-те компании на листата, Nike и FBI го направија најголемиот скок, искачувајќи се 4 и 5 места за разлика од минатата година.

Ова се 15-те најдобри компании за бизнис студентите за 2015 година - ГАЛЕРИЈА.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија