Ако некогаш сте се обиделе да вовлечете конец во игла, знаете дека тоа не е многу лесно. Особено ако дупчето од иглата каде што треба да влезе конецот е многу мало, а конецот е подебел.
Но затоа постои едноставен трик како да го вовлечете конецот без никакво мачење. Конецот треба да се стави на дланката, да се легне иглата и да се почне со триење. По неколку секунди конецот би требало да влезе низ иглата.
Трикот на „Твитер“ го споделил корисникот Џон Бик, а видеото веднаш предизвика воодушевување.