X
 27.09.2019 Наука

Тетоважите оставаат наночестички од метал во лимфните јазли

При тетовирањето може да се внесат метални наночестички во лимфните јазли. Се претпоставува дека контаминацијата доаѓа од мастилото, но едно ново истражување покажува дека тоа не е точно.

Научниците откриле дека трагите од никел и хром во лимфните јазли на тетовираните луѓе всушност потекнуваат од иглите на машините за тетоважи.

Научниот тим на Сојузниот институт за процена на ризик во Германија ја почнал својата истрага проучувајќи ги ткивата на починатите луѓе. Во лимфните јазли на тетовирани починати лица биле пронајдени честички од железо, хром и никел со големина од 50 нанометри до 2 микрометри.

tettovaza
Фото: Pixabay


На нивно изненадување, наведените метали не биле вообичаени во мастилото, па затоа почнале да бараат друг извор.

- Тестиравме околу 50 примероци со мастило без да пронајдеме такви метални честички, а потоа размислувавме да ја тестираме иглата и тоа беше нашиот еурека-момент - објаснува Инес Шривер, научник од Сојузниот институт за процена на ризикот.

Подлабока анализа покажа дека зелените, сините и црвените мастила содржат бел пигмент - титаниум диоксид што може да се таложи со иглата. Но, црното мастило не го содржи овој пигмент.

Ова откритие би можело да помогне да се објасни зошто тетоважите понекогаш може да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе. Во врска со најголемите здравствени последици, моментално постојат малку докази што посочуваат дека тетоважите се поврзани со здравствени проблеми.

- За жал, денес не можеме да го утврдиме точното влијание врз здравјето на луѓето и можниот развој на алергии како резултат на трошењето на иглите за тетовирање - додаде Шривер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука