Големи се шансите вашите податоци на „Фејсбук“ да биле хакирани, продадени, протечени или погрешно искористени од трети страни. Но сега може да го проверите тоа.
Веб-страницата
have i been pwned? е бесплатно место на кое може да проверите дали хакерите стигнале до ваши податоци оставени на „Фејсбук“. На веб-страницата може да проверите и дали сте помеѓу оние 533 милиони корисници чии телефонски броеви протекоа неодамна.
Веб-страницата функционира така што го внесувате телефонскиот број за да проверите дали до него стигнале хакери. Веб-страницата кажува и што може да направите доколку хакерите го имаат вашиот број. Во последното протекување на податоци од корисници на „Фејсбук“ биле откриени и е-адреси на околу 2,5 милиона корисници, а според некои медиуми, биле објавени и лични податоци за корисниците, како родендени, локација, име и професија.
Фото: Pixabay
Од компанијата изјавиле за „Мешбал“ дека станува збор за податоци од 2019 година, а податоците оттогаш биле тргнати од интернетот.
За жал, доколку вашите податоци биле објавени јавно, нема многу работи што може да ги направите бидејќи голем дел од овие податоци се такви што не се менуваат. Веб-страницата have i been pwned? ги советува луѓето да преземат генерални мерки, како создавање нови безбедни лозинки и следење на податоците за идни протекувања.
Автор: Џек Морс
Извор:
mashable.com