X
 22.01.2017 Технологија

Се предвидува дека наскоро и ќе волонтираме од дома


Илустрација - девојка со дигитален уред

Концептот „работа од дома“, годинава ќе ги прошири значењата и за волонтирањето. Презафатениот живот, работењето две работи, растегливото работно време и животот на далечно место се отежнувачки околности за вклученоста на луѓето во заедницата (независно дали станува збор за материјална поддршка или одвојување време за општа добробит). Но, технологијата денес овозможува активност од комфорната позиција на домашната софа, без разлика дали се работи за надворешна поддршка или советодавна линија како работни места.   

Онлајн волонтирање

Долги години, терминот „волонтер“ се вклопуваше во сликите на добронамерни жени кои правеле ручек за бездомниците или еднаш неделно ги служеле чај старите лица. Но, овој стереотип не се вклопува во фактичката ситуација. 47% од луѓето велат дека еднаш месечно некаде волонтираат, а најмногу време на тоа посветуваат младите од 16 до 25-годишна возраст.  

Но, не е секој во можност да излезе во пресрет, поради одговорностите, природата на работата што ја работи или поради тоа што живее надвор од градот. Тие, пак, коишто имаат време, имаат проблем да се усогласат со времето на одржување на добротворните акции.

Во моментов, 1,5 милиони луѓе работат од дома во полно работно време, додека 4,2 милиони имаат повремена работа од дома. Овој тренд е растечки и не покажува знаци дека ќе замре. Дури и тие што не работат од дома, ги имаат сите неопходни нешта за да почнат да го прават тоа: лап топ или таблет, интернет конекција и смартфон. Оваа опрема значи дека многу нации во светот ги имаат неопходните нешта, не само за да работат од дома, туку и да ги користат за волонтерски ангажман.

Неколку почетници веќе почнаа да ги повикуваат луѓето да го посветат нивното време на работа од далечина, како примерот со волонтерите на британскиот Црвен крст, кои направија мапа со земјите каде што постои криза со вирусот ебола.

Донатор на податоци

Секојдневно, ние произведуваме 2,5 квинтилијарди бајти податоци, а поголемиот дел од нив ги правиме преку личните уреди што се поврзани преку сателити, wi-fi или други мрежи.

Во 2017 година, се очекува дека многу повеќе добротворни акции и истражувачки институти ќе бараат од нас отстапување на податоците во име на научни цели и подобрување на животот на сите луѓе.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија