X
 08.04.2021 Образование

Почна вакцинацијата на наставниците што држат настава со физичко присуство

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во салата „Борис Трајковски“.
Вакцинацијата на наставниците, информираат од МОН, започна вчера и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање, при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час.

- Министерството за образование и наука апелира наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на коронавирусот - велат од МОН.



Од МОН велат дека состојбата со коронавирусот во образованието е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажал како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид-19 во училиштата.

Во овој период на територијата на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство, што е исклучително ниска бројка. Процесот на вакцинација, заедно со почитувањето на мерките, засега е единствениот начин да ја намалиме трансмисијата во државата, вклучително и образовните институции.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование