Во 2019 година 1.800 работни места во образованието ќе бидат укинати, вклучувајќи стотици наставници и административци во образованието, изјави францускиот министер за образование Жан-Мишел Бланке.
Најавата беше дочекана со шок и лутина од многумина што претпоставувале дека образованието е приоритет на претседателот Емануел Макрон. Јавноста сметаше дека значајната реформа на претседателот за намалување на големината на одделенијата во обесправените области ќе значи повеќе наставници, а не помалку.
Фото: AFP
Кој ќе биде засегнат?
Намалувањето на бројот на наставници не само што ќе влијае врз самите наставници туку и врз административците во образовниот систем. Од позициите што треба да бидат намалени најмалку 400 се административни како училишни медицински сестри и лекари и секретари. Само средните училишта и колеџите ќе бидат дел од овие намалувања на работните места.
Зошто се намалува бројот на наставниците?
Во суштина, намалувањата се дел од владиниот план за намалување на бројот на работници во јавниот сектор. Додека Макрон направи изборно ветување за намалување на 120.000 работници во јавниот сектор во период од 5 години, во реалноста работите нема да бидат толку драматични.
Претходно овој месец премиерот Едуард Филип изјави дека ќе се намалат 4.500 места во 2019 година и уште 10.000 во 2020 година.
Фактот што намалувањата на работните места ќе влијаат само врз средните училишта и административните места покажува колку Макрон го фаворизира образованието во основно образование.
Дали од ова ќе имаат корист вработените?
Министерот за образование изјави дека буџетот всушност ќе се зголеми за 850 милиони евра наредната година, а наставниците ќе имаат корист. Владата ќе има цел да им плати на наставниците 1.000 евра повеќе годишно кога ќе започнат со предавање.
Министерот изјави дека сака да ја зголеми потрошувачката моќ на наставниците за да ја направи професијата поатрактивна.
Дали одделенијата ќе бидат поголеми?
Владата вели дека големината на одделенијата ќе остане иста. Сепак, не веруваат сите во ова, а Валери Сипахималани, заменик-генерален секретар на образовниот синдикат, вели дека намалувањето на работните места ќе го зголеми бројот на ученици во одделенијата.
- Поради зголемувањето на населението, колеџите очекуваат дополнителни 32.000 студенти во септември 2019 година, а некои одделенија ќе бидат со 30 ученици. Со помалку наставници, нивните услови за учење неизбежно ќе се влошат - вели таа.
Дали од наставниците ќе се очекува да работат повеќе часови?
Да. За да ги неутрализира намалувањата на работните
места, Жан-Мишел Бланке ќе бара од наставниците да работат прекувремено, па дури и да го променат статусот на наставниците за прекумерна работа од два часа, наместо еден.