X
 19.08.2020 Култура

Филмови што ги сакаат сите генерации

Ретки се оние филмови што можете да ги гледате со цело семејство, но вредат злато. Особено во текот на пандемијата кога сите се обидуваме да избегнеме средби со други луѓе надвор од нашиот дом.

Предлозите во продолжение се безвремени филмови за секоја генерација што дефинитивно треба да се најдат на листата на секој љубител на филмот.

„Појадок кај Тифани“


Неодоливата Одри Хепберн во овој филм успеа да им ја пренесе на гледачите магичната елеганција на 60-тите години поради која ќе сакате да го гледате филмот повторно. Борбата на Холи Голајтли и покрај нејзината нежна природа да се соочи со суровоста на животот е нешто што секогаш на крајот ќе ве расположи.



„Животот е убав“


30-тите години во Италија, еврејскиот библиотекар Гвидо основа семејство и со жената и синот живее среќно сè до окупацијата на Италија од страна на Германците. Гвидо на секаков начин се обидува да му помогне на синот полесно да ги преброди ужасите на концентрациониот логор. Филмот, кој ќе ве расплаче, докажува како слогата и љубовта во семејството ги победуваат и најлошите несреќи.



„Друштво на мртвите поети“


Професорот по книжевност Џон Кетинг е полн со ентузијазам и наоѓа прекрасни начини љубовта кон литературното изразување да им ја пренесе на неговите ученици. Инспирирани од него, тие го основаат „Друштвото на мртви поети“, клуб сличен на оној во кој членувал Кетинг кога бил ученик. Учениците се состануваат навечер во пештера читајќи литература и потсетувајќи нè дека и надвор од семејството мораме да покажеме солидарност и заедништво за да опстанеме како општество.



„Празник во Рим“


Повторно прекрасната Одри Хепберн и Грегори Пек, кои маестрално ја одиграа улогата на принцеза и новинар. Принцезата за време на една службена посета во Рим се спријателува со еден циничен американски новинар кој во новото познанство на почеток гледа само спектакуларна приказна, но со текот на времето сфаќа дека се заљубил во неа.



„Форест Гамп“


Филмот го следи животот на Форест Гамп и неговото запознавање со Џени, жена која навистина го засака. Неговата случајна средба со луѓе во периодот помеѓу 1950 до 1970 година ќе ве натера сериозно да размислите за смислата на животот и неверојатните случувања што нè водат кон нашата цел.



Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура