X
 05.07.2019 Култура

Галичка свадба 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

И оваа година, од 12 до 14 јули, по 46. пат на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. Неколкуте илјади посетители од земјава и од странство што се очекува да пристигнат на оваа автентична манифестација одново ќе имаат можност да уживаат во уникатните свадбарски обичаи и ритуали, проследени со богатиот колорит на народните носии и изворните песни и ора карактеристични за овие краеви од Македонија. Во центарот на вниманието на годинашната најпозната македонска свадба ќе бидат галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.

1

- Како организатори на оваа манифестација сме особено задоволни што и годинава на најдобар можен начин ја продолжуваме вековната традиција на Мијаците, како дел од македонското културно богатство. „Галичката свадба“ е светски позната и призната културна и туристичка манифестација која придонесува за промоција на нашата земја и на сите нејзини убавини. Тоа, како и сѐ поголемиот број посетители на оваа манифестација, за сите нас претставува дополнителен мотив да продолжиме да вложуваме максимални напори да ја одржиме и постојано да ја збогатуваме - вели Александар Костиќ од организацискиот тим на Месната заедница - Галичник.

3

4

Од витално значење за организирањето и одржувањето на атрактивноста на оваа автентична манифестација е поддршката што ја обезбедуваат големиот број нејзини партнери и помагачи. Еден од нив е компанијата „Пивара Скопје“, која е партнер на манифестацијата од нејзините почетоци и која и оваа година, покрај финансиска поддршка, обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио за сите учесници во свадбeната церемонија.

5

- Горди сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација, која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство. Им честитам на младенците и во оваа пригода би сакал да наздравиме за нивната љубов, среќа и бериќет, како и за пријателството и заедништвото што нѐ поврзуваат и зближуваат - вели Ламбро Патче, менаџер за односи со јавноста и комуникации во „Пивара Скопје“.

Покровител на годинашната „Галичка свадба“ е претседателот Стево Пендаровски.

Како и секоја година, почетокот на годинашната „Галичка свадба“ ќе биде означен в сабота, на 13 јули, со поставување на свадбарското знаме и симболичниот чин на „фрлање“ три пушки од куќата на зетот. Венчавањето на младенците ќе се изврши в недела во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“ во Галичник, а свеченоста ќе заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

6

7

Традиционално, со одржувањето на „Галичката свадба“ ќе се означи и почетокот на „Галичкото културно лето“, кое и овој пат се очекува да понуди најразлични забавни и музички содржини, приспособени за сите генерации посетители.

За да можат сите посетители да уживаат во убавината и автентичноста на годинешната „Галичка свадба“, во деновите на одржување на манифестацијата, особено в недела, ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим, за кој организаторите апелираат доследно да се почитува. Кон ваквиот апел се приклучи и претставникот на „Пивара Скопје“, кој ги повика сите посетители да консумираат алкохол одговорно, да возат безбедно и да се грижат максимално за одржување на чистата природа во Галичник и неговата околина.

9

Поддржувачи и партнери на годинашната манифестација се: Министерството за култура, Пивара Скопје АД, ВВ Тиквеш, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, ЕВН Македонија, МЕПСО, ЕСМ, Фонд за иновации и технолошки развој, Макпетрол АД Скопје, ОКТА АД Скопје, ГА-МА АД Скопје, Maja - природна нискоминерална вода, Алкалоид АД Скопје, ЈСП Скопје, Општина Маврово и Ростуше, Национален парк „Маврово“, ЈПКД Маврово, ЈЗУ Здравствен дом - Ростуше, Општина Ѓорче Петров, Неотел, Клиника „Жан Митрев“, Спортлајф, Дабар, Дигитал центар, Мобилен санитарен сервис, Шерпа хорс рајдинг, Спајдер груп, Солар спектар, Пакомак и Комунална хигиена - Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура