Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници.
Еден од нив е и Валентин Христовски од Битола, со кого се запознавме и му ги предадовме клучевите од прекрасното бе-ем-ве X1. Валентин, пресреќен, ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М - Кар, каде што Маријана му ги предаде клучевите од автомобилот.
Имено, Валентин е голем обожавател на автомобили бе-ем-ве и мотори и тоа е главната причина што инстант-лозот Мини и Макси му е омилен од инстант-лотаријата на Државна лотарија. Тој со својата сопруга секојдневно купува по неколку лоза, но неколку денa пред да го купи добитниот лоз, како што ни кажа, чувствувал дека ќе се случи нешто големо.
Од среќното продажно место „Вагабонд“ на Широк сокак во Битола купиле неколку лоза Мини и Макси, како и секогаш, надевајќи се на главната добивка, но овој пат биле во право. Еден од неколкуте лоза ги открил трите симболи на бе-ем-ве што означуваат само едно - главна добивка.
Во семејството Христовски на среќата ѝ немало крај. Иако веќе имаат автомобил, Валентин вели дека отсега со задоволство ќе го вози новото бе-ем-ве X1 затоа што за еден месец очекуваат принова во семејството, па овој автомобил доаѓа во вистинско време поради неговиот комодитет.
Среќниот добитник замина за Битола со новиот автомобил, но вети дека ќе продолжи да ги игра игрите на среќа на Државна лотарија затоа што тоа е омилена забава во семејството, а со среќата никогаш не се знае.
За потсетување, нашите играчи ги очекуваат уште автомобили од инстант-лозот Мини и Макси, а ние со нетрпение ги очекуваме да ги раскажеме вашите среќни приказни.
(Kомерцијална објава)