X
 25.11.2023 Забава

Добитник на лотарија ја тужи партнерката зашто кажала на неговата фамилија

Жител на сојузната американската држава Мејн добил награда од 1,35 милијарди долари на лотарија. Меѓутоа, тој не се најде на насловните страници поради добивката, туку затоа што ја тужи партнерката бидејќи му кажала на неговото семејство за добивката иако тој го побарал спротивното од неа.

Тој ја добил наградата во јануари, а неговиот идентитет не е познат бидејќи ја подигнал наградата преку фонд за да не го открие идентитетот. Сега тој бара отштета од партнерката затоа што го открила неговиот идентитет.

Две недели пред да ја подигне наградата, жената потпишала договор во кој се обврзала да ја чува неговата тајна додека нивната ќерка не наполни 18 години, во јуни 2032 година. Целта на договорот била да се избегне можна штета или да се открие идентитетот, како и неговата локација. Добитникот се согласил да ѝ дава финансиска поддршка на жената за возврат.

Според договорот, жената требало да го извести мажот во рок од 24 часа доколку го прекрши договорот, но таа не го сторила тоа кога им кажала на неговиот татко и маќеа. Вестите потоа стигнале и до неговата сестра, а веројатно и до други луѓе.

Ова откривање на веста за добивката довело до „непоправлива“ штета за добитникот и опасност за понатамошна штета. Добитникот сега бара отштета од најмалку 100.000 долари за секој пат кога партнерката ја открила неговата тајна.

Извор: Fox business
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава