X
 08.05.2020 Образование

Њујорк ќе работи со Бил Гејтс на трансформирање на образовниот систем

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, изјавил дека државата ќе соработува со фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс за да го трансформира образовниот систем.

- Како што се подготвуваме да ги отвориме училиштата, имаме можност да го трансформираме нашиот образовен систем на подобро - изјавил Куомо на „Твитер“.



Пандемијата на коронавирусот принуди многу сојузни држави во САД да ги затворат училиштата, а 46 земји наредиле или препорачале училиштата да останат затворени до крајот на училишната година.

Гејтс јавно ги советуваше граѓаните за време на пандемијата, а неговата фондација е најголем донатор за институтот кој го создал моделот за справување со пандемијата во САД. Претприемачот, исто така, ветил дека ќе потроши милијарди долари за да помогне во развивањето вакцина за коронавирус, а минатиот месец изјавил дека е подготвен да потроши дел од своето богатство на експериментирање со потенцијални вакцини.


Фото: Facebook

Многумина го критикуваа Гејтс поради неговиот однос кон пандемијата, особено поради неговото лобирање за зајакнување на мерките за ограничено движење.

Автор: Вилијам Дејвис
Извор: dailycaller.com 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование