Една четвртина од вредноста хрватскиот бруто домашен производ (БДП) доаѓа од приходи од туризмот. Во Грција, 26% од работната сила работи во туристичкиот сектор.
Доколку се гледаат апсолутните бројки, ниту една земја во светот не прима толку
гости од странство како Франција (89 милиони меѓународни туристи во 2018 година). На второ место со 83 милиони туристи е Шпанија. Тоа е земјата која најмногу може да изгуби од борбата против коронавирусот (71 милијарди евра во 2019). Ќе изгубат и Франција (58 милијарди евра), Италија (45 милијарди евра) и Германија (37 милијарди евра).
Шпанија
Шпанските туристички агенции беа шокирани од најавата на претседателот на владата, Педро Санчез, за задолжителниот 14-дневен карантин за странските туристи. Додека во другите средоземни земји се расправа за отворање на плажите, владата во Шпанија сака вонредната состојба и карантинот да останат до почетокот на јули.
Фото: Pixabay
Италија
Италија најавува отворање на границите за странските студенти на почетокот на јуни. Се очекува многу туристи, особено оние богатите, да патуваат во Италија, од што добивка ќе имаат хотелите, рестораните, но и бутиците и останатите продавници. Стратегијата на владата е насочена прво кон домашниот туризам. Италијанците би требало да ги наполнат хотелите, плажите и камповите.
Државата ќе им субвенционира одмор на Италијанците во земјата со ваучери до 500 евра по домаќинство. Понудата се однесува на семејствата со мали или средни примања кои инаку можеби би се откажале од летување годинава. Околу 5 милиони домаќинства ќе добијат вакви ваучери.
Грција
Грција се изборила со епидемијата поуспешно од повеќето други земји во Европа, но ОЕЦД проценуваат дека државата ќе има најголем економски пад од сите свои членки. Грчката влада планира да ги отвори границите за странските туристи на 1 јули, за да може да прими барем дел од туристите. Плажите се отворени од овој викенд за домашните туристи.
Владата се надева и на билатерални договори, а се водат разговори со Израел, Австрија и Бугарија. Но, пресудно е без проблем да се вратат и многу туристи од главните пазари: Велика Британија, Русија и Германија.
Фото: Pixabay
Франција
И Франција се врти кон домашните туристи. Претседателот на владата, Едуард Филип, најавил дека Французите од јули ќе може да летуваат во Франција. Веќе е дозволен пристап до плажите, а рестораните и хотелите остануваат затворени во целата земја најмалку до 2 јуни.
Хрватска
Земјата е најмногу зависна од приходите од туризмот, но таму е особено концентриран сезонскиот туризам. 86% од сите ноќевања се во текот на летото, најмногу во јули и август. Затоа, за Хрватска е посебно важно барем делумно да ја спаси главната сезона бидејќи наесен не може да ги надомести пропуштените летни месеци. Хрватска има предност во однос на тоа што нејзините главни пазари (Германија, Австрија, Италија и Словенија) се наоѓаат на оддалеченост која може да се помине со автомобил и не зависи од авионскиот превоз.
Турција
Турската економија е подиверзифицирана отколку другите јужноевропски земји, но владата сепак се надева на туризмот како важен извор на девизи за земјата која е во тешка ситуација финансиски и политички. Минатата година, прометот во туризмот изнесувал околу 35 милијарди евра.
Извор:
jutarnji.hr