X
 06.08.2018 Живот

Зошто простувањето е моќ?

„Да се прости е највисоката, најубавата форма на љубов. За возврат ќе добиете неискажан мир и среќа“ - Роберт Милер

Дали се сметате себеси за личност што простува или огорчена личност? Ако некој ве повредил во минатото или направил нешто за да страдате, дали ќе ги помните тие минати настани, мисли и чувства или ќе ги пуштите да си одат?

Онаму каде што има гнев, омраза, одмазда, огорченост, таму исто така има и болка. Човек кој е блажен и задоволен со себеси и со светот околу себе, без разлика на тоа колку луѓе ќе сретне и колку овие луѓе ќе го повредат, тој секогаш ќе одговори со љубов, добрина и милост, наместо лутина, омраза и незадоволство. Луѓето кои знаат да љубат знаат дека „око за око“ само ќе го остави светот слеп.

Лесно е да се врати токму она што се добива, меѓутоа најдобро за здравјето на човекот е да биде опкружен со љубов. Нормално, луѓето знаат да бидат злобни и да им прават лоши работи на оние со кои доаѓаат во контакт, на оние кои ги сакаат и се грижат за нив, меѓутоа исто така луѓето можат да се променат и токму поради ова е важно да им се даде втора шанса за да можат да ја покажат таа промена.

Ако во себе го држите она што личноста ви го направила или рекла за вас, тогаш секој пат кога ќе дојдете до контакт со нив, постојано ќе се потсетувате на сите тие работи и никогаш нема да бидете во можност да простите и да заборавите, а нема да можете да им дадете можност да ви покажат колку им е жал за тоа што се случило. Без разлика на тоа дали ги направиле тие работи намерно или не, со тоа што ќе ја држете лутината или гневот, ќе си донесете само поголема болка.

Размислете. Како можете да влијаете врз нив вие со вашата омраза или било кои чувства кои ги имате за нив? Седите дома, враќајќи се назад во времето кога ве повредиле, правејќи сценаарија за тоа што сакате да им кажете. Го поминувате поголемиот дел од времето правејќи го тоа, а тие си поминуваат прекрасно, без да бидат погодени од вашите чувства.

Време е да престанете. Заборавете и простете, не за нив, туку за ваше добро и за самите себеси. Зошто да го трошите времето во размислување на нешто што ќе ја исцрпи вашата емоционална, физичка и ментална енергија, игнорирајќи ја убавината околу вас.

„За секоја минута лутина, губите 60 секунди среќа“ - Ралф Валдо Емерсон.

Една од многуте грешки кои луѓето ги прават е тоа што избираат да ги задржат лошите чувства само затоа што не сакаат да се простат со огорченоста што се случила во минатото.

„Гневот никогаш нема да исчезне се' додека се негуваат мислите на незадоволство. Гневот ќе исчезне веднаш после заборавањето на незадоволството“ - Буда.

Она што треба да го направите е да земете лист хартија и пенкало и да започнете да ги запишувате прашањата кои ќе ви помогнат да ги согледате работите поинаку и да се ослободите од сопствената мизерија. Откако ќе ги напишете прашњата, до нив напишете го искрениот одговор.

Дали мислите дека личноста го направила тоа за да ве повреди? Дали мислите дека го направила намерно?

Дали мислите дека е можно да и' простите, но навистина да и' простите?

Дали мислите дека е возможно да заборавите се' и да се вратите на работите онака како што биле претходно?

Дали би го држеле гневот или пак би сакале да бидете повторно пријатели? Дали можете да се сетите колку било прекрасно кога сте биле во нејзино присуство и сте поминувале време со таа личност?

Дали мислите дека би ви се извиниле за тоа што го направиле?

Дали сте спремни да се откажете од врската што сте ја имале со таа личност поради тоа што таа ви го направила?

Дали вреди да се биде вознемирен поради тоа? Дали вашето его е навистина толку големо?

Што ви кажува вашиот ум, а што вашето срце?

Кој ќе го послушате? Вашиот ум или вашето срце?

И сега, донесете одлука. Без разлика на одлуката, на крајот ќе мора да се ослободите од гневот и да бидете среќни.

Дали мислите дека простувањето е чин на слабост или на сила? Дали постои некој во вашиот живот на кој треба да му простите?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот