За средношколците што се подготвуваат за упис на факултет, ова би можело да биде интересна информација. Најбогатата личност на светот - Бил Гејтс изјави дека кога би се вратил на факултет, би избрал студии поврзани со вештачка интелигенција, енергетика и бионаука.
Експертите се согласуваат дека во наредните 20 години ќе дојде до значителни промени во користењето на вештачката интелигенција, а Гејтс смета дека ќе доживееме „енергетско чудо“ во следните 15 години.
Гејтс, кој често држи инспиративни говори и ги споделува своите искуства, за овие подрачја рече дека се ветувачки.
Со поттикнувањето на системот за автоматизација веројатно ќе се развијат неискористените извори на обновливата енергија, како соларната и енергијата од ветровите. Гејтс предвиде дека човештвото ќе доживее „енергетско чудо“ во следните 15 години. Американскиот биотехнолошки пазар импресивно расте, особено откако приватните компании работат на развој на паметни лекови и лекување на бактериските болести отпорни на антибиотици.
Советот на Гејтс за избор на едно од тие три полиња доаѓа од лично искуство. На чело на Фондацијата „Гејтс“, заедно со својата сопруга Мелинда, тој видел колкав напредок е постигнат со помош на автоматизацијата на нештата, искоренувањето на болестите и примената на алтернативните извори на енергија во најсиромашните
региони.