Изборот на факултет според преференциите и компетенциите е важен чекор во животот на секој средношколец, а одлуката ќе влијае врз идната кариера и животниот пат. Покрај споменатиот страв, во денешниот свет, каде што можностите изгледаат бескрајни, средношколците се соочуваат со нов страв.
ФОБО - модерен страв при изборот на студии
Сигурно веќе сте го почувствувале феноменот ФОМО, кога пропуштате некое важно дружење со врсниците, а морате да лежите в кревет поради температура. Но, дали знаевте дека средношколците при изборот на студиите се соочуваат и со страв од подобра опција? Станува збор за парадоксот на „премногу избори“ – таканаречен ФОБО.
Наместо да го олеснат процесот на селекција на студиите, премногу опции може да создадат чувство на преоптоварување и збунетост, што може да ве ограничи во донесувањето одлука. Затоа, од клучно значење е да вложите време и напор и подобро да се разберете себеси и вашите потреби преку психолошка процена.
Оној што ја сака својата работа нема да помине ниту еден ден од својот живот работејќи
Да се најде студиска програма која вистински нѐ исполнува и мотивира е клучно за постигнување лично задоволство и успех во иднина.
Првиот чекор е психолошка процена! Не грижете се, не е толку комплицирано како што звучи. Размислете за тоа како истражување на вашиот внатрешен свет - што навистина ве прави среќни и мотивирани? Погледнете наназад на вашите училишни денови. Кои теми ги обожававте? Што сакате да правите кога не сте заробени во училишните клупи? Преку психолошка процена ќе размислувате и за вашите долгорочни соништа - каде се гледате себеси за пет или десет години?
Психолошката процена ќе ви даде информации
Преку психолошка процена ќе стекнете увид во вашите силни страни, слабости, тенденции и преференции. Тоа ќе ви даде подлабоко разбирање на вашата личност и потенцијалните области на интерес.
Фрлете се во огнот
Многумина имаат проблем да изберат студии што би одговарале на нивните вистински интереси и потреби. Сепак, постои начин да се промени тоа. Наместо да чекате да ви се случи вистинската шанса, треба сами да ја создадете. Фрлете се во огнот! Искористете го слободното време за да го истражувате светот околу вас. Психолошката процена ќе ви ја даде основата за да не талкате низ светот, туку ќе ве насочи во правец на она што најмногу ви одговара, за што можеби не сте ни свесни!
Студентите и работодавците се одличен извор на информации
Можеби ви се чини дека патот до вработување е далеку и непознат, додека ви недостига јасна слика за тоа што сакате и каде да барате. Во овој процес користете ги сите достапни алатки како „Гугл“ и „Фејсбук“ групите, кои се занимаваат со барање работа. Пронаоѓањето можности за волонтирање, летна школа или практикантска работа може да ви даде увид во различни сфери на работа и да ви помогне да ги развиете вашите интереси.
Бидете отворени за нови предизвици
Откако ќе соберете информации за различни програми за дипломи, време е да споредите и да судите. Важно е да бидете реални и да ги земете предвид сите аспекти пред да донесете конечна одлука. Сметајте го процесот на селекција на студиите како можност за стекнување важни вештини кои ќе придонесат за развој на организацијата во која ќе работите.
Следете го своето срце, но бидете и прагматични
Изборот на студиска програма според вашите преференции и компетенции е важен чекор во обликувањето на вашата иднина. Темелната психолошка процена, истражувањето на опциите, споредбата и расудувањето и отвореноста за нови предизвици, се клучните елементи на овој процес. Следете го своето срце и страста, но бидете и прагматични во донесувањето одлука која ќе ви овозможи да ги остварите целите и соништата во кариерата.
Извор: srednja.hr
Фото: Freepik