X
 24.06.2017 Образование

Неверојатна приказна за студент кој ги завршил студиите 30 години по уписите

Ретко кога вестите од образованието брзо се шират преку софијалните медиуми. Но, оваа приказна не треба да ја пропуштите. Имено, Славимир Стојановиќ по 30 години од уписот на Академијата на применливи уметности во Белград успеал да заврши факултет.

Денес завршив факултет. На Академијата на применети уметности во Белград се запишав во 1987 година. Цел еден живот, точно 30 години покасно, по полагањето на последниот испит по психологија, на кој добив 10, успеав најпосле да завршам. Во историјата влегувам како, најверојатно, единствен кој првин добил Награда за животно дело, а потоа дипломирал во истата област. Меѓутоа, оваа животна приказна не е ниту малку едноставна за да се опише во неколку збора. Имено, моите родители, Љиљана и Момчило ме добиле многу млади, на 20 години. Мајка ми претходно се запишала на економија, а татко ми на геологија. Двајцата факултетите ги напуштиле кога сум се родил. Татко ми почнал да работи на бензинска пумпа, а мајка ми како секретарка во општинската младинска конференција. Татко ми два пати проба да го заврши градежниот факултет на кој вонредно се запиша во Суботица, но тоа не му одеше од рака.

Мојот татко е посебен случај. Кога имал 14 години, неговиот татко, Славимир, по кој сум го добил името, тешко се разболел и со месеци полека умирал на постела. Во тој период мојот татко завршил осмо одделение и сонувал за запишување во Средна школа за архитектура Отишол на приемен испит. Кога си дошол дома на таткото на умирање можел само да му каже дека не е примен, дека е прв под цртата. Таа траума не го напуштила до денешен ден кога има 70 години. Меѓутоа, кога јас се упишував на Академијата, тој инсистираше да дојде со мене и да биде тука, напред, цело време. Кога дојде време да се објават резултатите, не ми даде да ни да се доближам до огласната табла. Се сеќавам на неговата рака и глава која од гужвата скокајќи ми се приближи викајќи громогласно: „Стојановиќ, примен си!!!“ Јас не бев ни малку свесен за тежината на тие зборови и значењето на таа ситуација, затоа што приказната за него ја дознав предминатата година на годишнината на смртта на мајка ми. Таа никогаш не заврши факултет, мојот татко исто така, а ниту мојот помлад брат Нешо.

Студирав уредно и предано четири години, а кога требаше да ја комплетирам таа четврта година, почнаа да ескалираат немирите во Босна, а јас благодарение на тоа што имам вујко во Гетебург, отидов таму и без проблеми се запишав на прочуената Висока школа за дизајн кај професорот ХС Ериксон. Меѓутоа, после неколку месеци студирање без воведени санкции против Југославија, а мене ми оневозможија да студирам понатаму. Разочарувањето во тој момент не можам ни да ви го објаснам. Целиот систем по кој со години се искачував се сруши како да е од чепкалки за заби. Моето решение беше да бидат успешен во работата, до кое, благодарение на упорноста и огромниот труд успеав да го добијам во агенцијата Saatchi & Saatchi во Белград. Стотината награди кои од тогаш ги добив беа моја потсвесна камуфлажа на незавршените формални студии. Во 2003 година додека живеев во Словенија, се запишав на Универзитетот по уметност во Љубљана и се обидов да ги завршам студиите. Добив индекс, но не отидов на ниедно предавање. Тогаш основав своја фирма и работата целосно ме обзеде. По враќањето повторно се запишав на Академијата во Белград, 2008 година, кога мојата Оља беше бремена. Мислев дека кога веќе идната мајка заврши факултет, не е баш во ред, идниот татко да не го заврши. Меѓутоа мојата мајка Љиљана се разболе и умре две недени пред да се роди ќерка ми Наџа. Немаше шанси да се соберам и да го довршам факултетот. Се запишав повторно во 2012 година кога мислев дека сум доволно силен да можам. Не бев.

Но кога ќерка ми заврши прво одделение и кога ја видов нејзината книга во која учителката многу ја пофалила, не можев повеќе да бидам татко на таа Наџа ако не завршам факултет. Се запишав, собрав сили да ги дадам преостанатите десет испити, кои скоро сите ги положив со десетки. Сериозно се потрудив, немаше ниту малку шега во сето тоа, учев, пишував семинарски, се преслушував во своето студио на глас, сам, студентите со кои заедно ги полагавме испитите ме гледаа и се чудеа, не верувајќи дека оној истиот дизајнер од телевизија нервозно го стега индексот како и тие. Ова искуство дефинитивно ми ја промени перцепцијата на самиот себе, и ми отвори потполно нова област на свест и способност. Луѓе, се победив самиот себе, заради себе. Тато, го завршивме факултетот!!!
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование