X
 08.06.2019 Образование

110 уписнини за студенти на УКЛО

Атрактивна новина од УКЛО пред стартот на новата уписна кампања е промоцијата на 110 уписнини за студенти во прва година.

Имено, УКЛО во рамките на одбележување на јубилејот - 40 години од основањето на Универзитетот - промовира повеќе новини за студентите, меѓу кои најпопуларно за идните студентите е ослободувањето од плаќање партиципација за 110 новозапишани бруцоши или по 10 најдобри студенти на секоја единица.

Имено, УКЛО донесе Одлука за ослободувањето од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии за десет најдоброрангирани кандидати, со највисок број поени во квотата на редовните студенти, од сите студиски програми заедно, по објавувањето на конечната ранг-листа од првиот уписен рок, на секоја единица на Универзитетот.

Од УКЛО потврдуваат дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола поддржува политики за мотивирање на најдобрите студенти и во новата академска година го стимулира студирањето на УКЛО со 110 уписнини. За своите потенцијални студенти УКЛО обезбеди по 10 школарини на секоја единица од Универзитетот. УКЛО смета дека со оваа иницијатива се стимулира студирање на УКЛО и се нуди конкретна поддршка за студентите во услови кога општеството има потреба од солидни знаења и создавање стручњаци кои освен лична афирмација, ќе се трансферираат во компаниите и ќе придонесат за развојот и просперитетот на државата.

УКЛО во новата академска година ќе реализира и други активности преку посебни фондови да дава поддршка и поттик на студентите и процесите за стекнување вештини и квалитет, што претставуваат неделиви сегменти во остварувањето на дејноста на УКЛО.

uklo

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование