Истражувањата покажуваат дека над 50 отсто од оние што се во врска од две до пет години си велат „те сакам“ барем еднаш дневно. Сепак, по десеттата заедничка година тој број се намалува на 33 отсто и помалку…
Но, психолозите велат дека луѓето не треба да се откажуваат од оваа навика заради успешна и подолготрајна врска.
- Тие два збора „те сакам“ се како кислород и храна за врската. Ја одржуваат во живот. Со многу малку напор добивате многу - вели психологот Лиса Аранго.
Според неа, тоа ја зголемува меѓусебната доверба и ја подобрува општата благосостојба во домот.
- Изразувањето љубов во кој било облик е корисно за вашето здравје. Секогаш кога даваме и примаме љубов нашите тела го лачат хормонот окситоцин, кој нѐ прави посреќни и ни помага во справувањето со стресот - смета психологот.
Подарувањето, давањето комплименти и предизвикувањето насмевки кај партнерот ќе ве усреќат исто како тоа вам да ви се случува.
Затоа, ако некого сакате, кажете му го тоа. Така сите ќе бидете посреќни.
Извор: МИА
Насловна фотографија: Pixabay