Ако сте во групата луѓе што сакаат да слушаат балади и песни за раскинување иако сте во среќна врска, не грижете се, тоа е знак за вашето ментално здравје.
Поврзувањето со содржини за раскинување не мора да ги одразува емоциите поврзани за нашите моментални романтични врски. Дури и ако ја немаме истата приказна како изведувачот на песната, музиката може да ни помогне да се пронајдеме на други начини.
- Музиката може да биде моќна алатка која ни овозможува да пристапиме до нашите емоции. Можеби сакаме да слушаме тажна музика за подлабоко да ги почувствуваме нашите емоции - вели Кристен Лозано, брачен и семеен терапевт.
Понекогаш ни треба само добро плачење, а песните за раскинување можат да ни помогнат да се одмориме од нашите напорни животи и да го добиеме потребното ослободување од негативните мисли.
- Луѓето уживаат кога можат да ги почувствуваат нивните емоции, особено кога тоа е преку креативен формат. Тие можат да пеат, а тоа им овозможува да ги почувствуваат емоциите - објаснува Лозано.
Ниту едно човечко суштество не чувствува само една емоција во еден час, ден, месец или година. Затоа, нездраво е да се обидувате да ги потиснете своите чувства. Музиката ни овозможува да ги препознаеме и чувствуваме нашите емоции, а тажните песни може да бидат здрав начин да ги чувствувате тажните емоции во вас.
- Слушањето балади и песни за раскинување дури и кога сте во добра врска не е лоша работа. Песните за раскинување не се само за љубовни врски. Наместо тоа, тие се за проблеми со родителите, со пријателите и зборуваат за длабочината на промените, болката и немирот. Сите можеме да се поврземе со тоа, без разлика дали некогаш сме раскинале или не - заклучува Лозано.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay