X
 15.11.2020 Живот

Кои фактори влијаат врз успешноста на врските?

Причините поради кои некои љубовни врски успеваат, а други не, се поповрзани со карактеристиките на самата врска отколку со луѓето што се во неа. Ова го покажуваат податоци од анализа направена на над 11.000 парови.

Научниците користеле вештачка интелигенција за да ја откријат тајната за добрата љубовна врска. Тие откриле дека карактеристиките на врската може да играат поголема улога во успешноста отколку карактерните особини на партнерите. Саманта Џол, автор на истражувањето, вели дека од анализата се гледа дека личноста што ја одбираме не е толку важна колку врската што ја градиме.


Фото: Freepik

- Динамиката што ја градите со некого - заедничките норми, внатрешните шеги, споделените искуства - игра поголема улога во создавањето на врската отколку самите партнери - вели Џол.

Во истражувањето се анализирале податоци од илјадници љубовни врски со групирање на карактеристиките на самите врски и посебните карактерни особини на партнерите.


Фото: Freepik

Карактеристиките што придонесувале за несогласувања во врската се:

1. Задоволство од животот
2. Негативност, како стрес или раздразливост
3. Депресија или чувство на безнадежност
4. Грижа за врската или страв од приврзаност
5. Одбегнување приврзаност

Од друга страна, ова се главните карактеристики што придонесувале за задоволство од врската

1. Чувство на посветеност на партнерот во врската
2. Ценење на партнерот
3. Сексуално задоволство
4. Среќата што ја чувствува партнерот поради врската
5. Конфликт

Според истражувањето, посебните карактерни особини на партнерите играат улога во успешноста на врските, но се многу помалку важни од карактеристиките на самата врска.

Автор: Шарлот Едмонд
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот