Ден 1: 24 часа по првиот состанок, додајте го на сите социјални мрежи. Почнете да „лајкувате“ сè што ќе објави. Коментирајте му на објавите со многу „смајлиња“. Коментарите треба да содржат и срциња и бакнежи. Згора на тоа, почнете да ги додавате и неговите пријатели.
Ден 2: Започнете да му пишувате пораки на секои 30 минути. Доколку сакате да одите на следното ниво, нека биде тоа на 15 минути. Пораките треба да бидат кратки, здодевни и воопшто да не бидат важни. На пример: „Мразам метеж, а ти?“ или „Во каква боја ти се пижамите?“ Се препорачува и праќање фотографии со бакнежи.
Ден 3: Започнете со оставање песни на неговите профили на социјалните мрежи. Може и да оставате песни на вашите профили и да го означите.
Ден 4: Отворете блог за вашата „врска“. На блогот пишувајте сè за врската. Детално! Доколку сакате да се ослободите од него побрзо, споменете го со вистинското име. Треба и да пишувате ужасни љубовни песни.
Ден 5: Состанок кај вас или кај него. Вклучете ужасна женска серија и зборувајте му колку ги сакате ликовите и колку тие ве инспирираат. Следен чекор: реално ТВ-шоу. Кажете му дека не може да живеете без него.
Ден 6: Направете видео за „Јутјуб“. Видеото може да биде колекција од негови фотографии или комбинација од ваши и негови фотографии. Потоа, почнете да го споделувате видеото и означете го него.
Ден 7: Состанок. За време на состанокот не испуштајте го телефонот од рака. Може да понесете и таблет и да играте некоја игра на „Фејсбук“. За крајот на вечерта разгледувајте фотографии на „Пинтерест“ или „Ви харт ит“.
Ден 8: Ставете се „во врска“ на сите социјални мрежи. Во истиот момент прашајте го зошто и тој не го направил истото.
Ден 9: Купете му многу мали подароци (рамка со ваша фотографија, друга рамка со фотографија од двајцата итн.). Овие подароци може да му ги испратите дома или на неговото работно место.
Ден 10: Пронајдете начин да стигнете до неговиот компјутер или телефон. Зачувајте страница за порно и обвинете го дека гледа порнографија. Почнете да плачете и да му зборувате како сте мислеле дека тој е „вистинскиот“, но сега знаете дека не е така. Започнете да објавувате слични работи и на социјалните мрежи. На пример: „Доколку не може да биде со мене кога сум најлоша, тогаш не го заслужува најдоброто од мене.“ Ова дефинитивно ќе ја заврши „врската“.