X
 08.06.2021 Забава

Запознајте го Даисуке Инуе, пронаоѓачот на караоке-машината, кој сакаше да го научи светот да пее

Даисуке Ину е почестен со ретка, но уникатна комбинација на лауреати. Во 1999 година списанието „Тајм“ го прогласи за еден од највлијателните Азијци на векот.

Пет години подоцна тој доби „Иг-Нобелова награда“, која им оддава почест на особено чудните и возбудливи случувања во науката, технологијата и културата. Инуе е пронаоѓач на уред што го направи навистина познат, а неговото влијание се покажа како трајно. Тој е заслужен за пронаоѓање на караоке-машината, апарат што комитетот „Иг-Нобел“ го опиша како целосно нов начин луѓето да научат да се толерираат едни со други.

За една личност да добие „Иг-Нобел“, треба неговиот пронајдок да ги натера луѓето да се смеат, а потоа да размислуваат. Во текот на нејзиното полувековно постоење, многу луѓе се смееја со караоке-машината.

1

Како што пишува во книгата „Како јапонската поп-култура го освои светот“ на Мет Алт, караоке-машината била создадена во Саномија. Во локалите во Саномија, Ину работел како „хики-катари“, еден вид хонорарен музичар, специјализиран за пеење додека песната свири. Ова било караоке пред караокето какво што денес го знаеме. Инуе бил толку добар што станал познат како „д-р пејте заедно“, а огромната побарувачка за неговите услуги го инспирирала да создаде еден вид автоматска замена која би можел да ја користи за време на неговите настапи. Инуе ја нарекол  „8 Џук“.

- Кога ја направив „8 Џук“, еден роднина ми предложи да направам патент. Но, во тоа време не мислев дека ќе биде нешто големо - вели Инуе.

Но, на изненадување на Инуе, машината стана доста популарна.

- Да беше пантентирана, не мислам дека караоке-машината ќе пораснеше во она што е денес - вели Инуе.



Извор: Openculture.com
Фото: Open Culture
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава