X
 01.01.2020 Живот

Пронашол 16.000 евра, му ги вратил на сопственикот и ја одбил наградата

60-годишен маж од Германија доживеал убаво изненадување кога еден чесен минувач му го вратил ранецот во кој имало подароци и 16.000 евра во готовина, што го оставил под дрво.

51-годишниот минувач ја известил полицијата откако го нашол ранецот, кој случајно го забележал во близина на центарот на градот Крефелд, Западна Германија.

Полицијата брзо го идентификувала сопственикот и му го вратила ранецот сосе парите.

Човекот што го нашол ранецот ја одбил наградата бидејќи е Божиќ.

- Навистина има луѓе што прават добри дела на Божиќ - соопшти полицијата.

Во Германија секој што ќе врати пронајден предмет може да добие награда чија вредност се темели на вредноста на пронајдениот предмет. Во овој случај, пронаоѓачот на ранецот можел да добие 490 евра, ако одлучел да ја прифати наградата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот