X
 08.07.2018 Култура

Нов претплатнички пакет на „Нетфликс“

„Нетфликс“, еден од водечките светски стриминг услуги, тестира нова опција за претплатнички пакет наречен „Ултра“, чија месечна цена би можела да биде поголема од моменталниот „Премиум“ пакет.

Новиот пакет би овозможил истовремен стриминг на серии и филмови во висока резолуција на четири различни уреди, што значи дека четири корисници на еден пакет истовремено би можеле да следат различни програми преку телевизор, таблет, компјутер или мобилен телефон. Цената на новиот „Ултра“ пакет би изнесувала 16.99 евра во европските земји, односно 20 долари во САД.

нетфликс
Фото: Caia Image


-Постојано тестираме нови опции во „Нетфликс“, а во овој случај, одлучивме да тестираме нови претплатнички пакети за да откриеме колку корисниците всушност ги вреднуваат нашите услуги - истакнува Смит Саран, застапник на „Нетфликс“.

Според некои наоди, воведување на четврта, најскапа опција би можела да доведе до промена на останатите пакети, па така на пример, претплатниците на „Премиум“ пакетот наместо досегашните услуги за четири уреди би можеле да ги користат само два. Тоа доведува до заклучок дека оние корисници кои сакаат услугите на „Нетфликс“ да ги следат на четири различни уреди, ќе бидат присилени да ја земат најскапата претплата.

Моментално, „Нетфликс“ нуди три форми на претплатнички пакети: „Бејсик“ пакет од 7.99 долари што овозможува гледање на содржината на еден уред, „Стандард“ пакет од 10.99 долари што овозможува гледање на содржината на два уреди и „Премиум“ пакет со изност од 13.99 долари што нуди можност за следење на серии и филмови на четири различни уреди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура