X
 19.03.2024 Технологија

„Офис 2024“ ќе биде достапен и без претплата

„Мајкрософт“ објави детали за својот пакет на канцелариски апликации кој не е тесно поврзан со апликациите во системот за складирање податоци во облак, туку функционира „како порано“, односно локално. 

Тој пакет отсекогаш постоел, но во последно време сѐ повеќе се заменува со претплата на „Мајкрософт 365“, кој обезбедува многу повеќе од самите апликации. Сепак, има и такви чии потреби се поинакви, па се најавува дека новата верзија на „Офис“ ќе биде достапна преку еднократно купување, а не преку претплата.

Пет години поддршка

Тоа ќе биде верзијата на „Мајкрософт офис ЛТСЦ 2024“ (долгорочен сервисен канал), која првенствено ќе ја избираат претприемачите кои не се склони да плаќаат месечни претплати за софтвер. Ќе нуди локална инсталација на еден компјутер, постојана лиценца, поддршка и надградби за пет години, но и помалку опции и функционалност од пакетот вклучен во претплатата на „Мајкрософт 365“.

Во него, на пример, нема да има апликација „Паблишер“ и „Тимс“. Бидејќи по природа не е производ поврзан со облак, во „Офис 2024 ЛТСЦ“ нема да се нудат функции за кои е потребен облак - на пример, соработка со документи во реално време, додатоци напојувани со вештачка интелигенција, „Копилот“ и слично.

„Офис ЛТСЦ“ ќе биде достапен за деловните корисници од следниот месец, а ќе биде проследен и со лансирање на локални верзии на „Офис 2024“ за приватни корисници, подоцна во текот на годината. Канцеларискиот пакет ќе биде достапен за „макОС“ и „Виндоус 10“ и 11 и во 32 и 64-битни верзии. Цените не се објавени, но кажано е дека нема да се многу различни од постојните.

Извор: Bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија