X
 08.07.2021 Живот

Романците се најсиромашни, а Данците најбогати во ЕУ

Данците се најбогати во Европската Унија, додека Романците се најсиромашни, пишува во извештајот изготвен од Централната банка на Данска.

Во четвртиот квартал од минатата година данското домаќинство во просек имало 250.000 евра. Исто така, Данците се и меѓу најзадолжените нации во ЕУ. Нивниот просечен долг е 75.300 евра, а само Луксембуржаните се позадолжени од нив: нивниот долг во просек е повеќе од 88.000 евра.

Централната банка посочи дека најголемиот дел од богатството се наоѓа во недвижниот имот во кој живеат, а помалку во пари. Нивното просечно нето-богатство изнесува 177.500 евра, што е трипати повеќе од просекот на ЕУ.

Постојат големи разлики во богатството на Данците. Анализата утврди дека нивното богатство пораснало во првиот квартал од оваа година, и тоа во просек по 3.2500 евра по лице.

По Данците, најбогати се Холанѓаните, Луксембуржаните и Швеѓаните. Најсиромашни се Романците, чии финансиски имоти во просек изнесуваат само 10.700 евра. Меѓу најсиромашните се и Хрватска, Бугарија, Литванија и Грција.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот