X
 15.08.2017 Култура

Најрасистичките земји во Европа

1

Како што продолжува бегалската криза во Европа, така ставовите на граѓаните на ЕУ за етничките малцинства продолжуваат да се менуваат. Колку би им пречело доколку се најдат во ситуација во која нивното дете би имало романтична врска со личност што потекнува од друга културна група?

Во 2015 година, Европската комисија ги праша луѓето од сите 28 земји членки на ЕУ токму ова прашање и доби прилично изненадувачки извештај. На 12 август 2017 година, еден корисник на „Редит“, кој е добро познат во изготвување статистички мапи, одлучи да направи визуелна компонента од извештајот.

Иако овие нијанси на црвена и зелена може да претставуваат шок за некои, добро е тоа што тие претставуваат само 4 од поставените прашања. Според првичното истражување на ЕК, помалку од половина од испитаниците изјавиле дека би ја одобриле романтичната врска на нивните деца со Ром, па дури и трансродово лице. Иако дискриминацијата очигледно останува широко распространета во некои региони, мнозинството испитаници се согласиле дека треба да се воведат нови мерки за заштита на видливите малцинства, докажувајќи дека ЕУ и натаму е добар пример за остатокот од светот за прашања поврзани со човековите права.

2

3

4
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура