Мите Велковски е млад пензионер, вреден, скромен и ведар човек, ги обожава своите четири внучиња и вели дека сè што прави, прави за нив. Во ова ќе се препознаат многумина. Она што го вбројува во (сè уште) поретките е тоа што редовно, најредовно, уплаќа лото, без испуштање коло. Со непоколеблива надеж и верба во среќата, од својата скромна пензија, за секое коло издвојувал по 200/240 денари. Но, тоа што го направи најредок е 7-ката. Најголемата премија за 7-ка во историјата на лото-игрите на среќа кај нас падна токму со броеви што ги содржеше една од 10. комбинации уплатени од Мите Велковски, на продажното место ЈМБ компани во скопско Визбегово. За само 200 денари тој освои рекордна премија вредна 41.163.771 денар (близу 670 000 евра).
Среќен, пресреќен за добивката, сакаше да им ја поддржи вербата на учесниците во играта на среќа лото и да им се заблагодари. Затоа застана пред камерите и ја сподели својата радост и радоста на неговото семејство, кое се вброи во среќните лото-семејства на играчи со наградена долгогодишна верба.
Ние, од Државна лотарија, имавме задоволство да го запознаеме семејството Велковски од скопско Визбегово, при неговата посета (со торта со лого Лото-7), на првиот работен ден по извлекувањето. По редовната проверка на уплатеното ливче и официјална потврда на добивката, видно возбудени, ни ја раскажаа среќната приказна и без двоумење се согласија за јавна објава.
Имено, во саботата вечерта на 26.6.2021 извлекувањето на 7-те добитни бројчиња од нашата Лото-7 (коло 50) го следела сопругата заедно со внучињата. Како што ни се довери, таа го има задолжението да ги запишува извлечените броеви кога сопругот не е дома. Кога видела дека била постигната 7-ка и кога на екранот прочитала испис – продажното место ЈМБ Визбегово, му се јавила на Миле за да ги проверат броевите.
„7-ката е кај нас“ – одговорил Мите. Сè уште не верувајќи, го повикала синот за уште еднаш, заедно да ги проверат седумте броја.
Вечерта, веднаш по извлекувањето, Мите се јавил во контакт-центарот на Државна лотарија и го оставил својот број. Ние уште истата вечер го контактиравме, а веќе во понеделникот се запознавме. По посета на просториите на Државна лотарија, следуваше гостување во студиото на Лото-7, во Канал 5, на местото каде што разиграните топчиња ја потврдија неговата верба во среќата и се совпаднаа со броевите во неговата 3. комбинација. Потоа го посетивме и среќното место „ЈМБ компани“ во Визбегово, каде што Мите, последните две години, секое коло уплаќа по 10 комбинации. Добитната комбинација: 1, 20, 24, 25, 31, 32, 34 е составена од роденденски датуми, но и од броеви кажани од внучињата.
Мите 32 години бил вработен како чувар во Македонски железници. Со сопругата (пензионирана негувателка во детска градинка), ќерката, синот, снаата и 4. внучиња живеат во семејната куќа во Визбегово. Куќата, како што ни раскажаа, ја граделе со години „со свои раце“. Во саботата наутро посакал да се живи и здрави со сопругата и да дочекаат да пораснат внучињата и направат свои семејства, а дотогаш да успеат да им купат по еден стан „од дедо и баба“.
Среќата, вербата и надежта, очигледно имаат заеднички патишта.
Честитајќи му на Мите и на семејството Велковски, сите граѓани над 18 години ги поттикнуваме на верба и надеж. Ние сме тука за да обезбедиме можност за остварување на соништата. Не треба посебна подготовка, ниту голема инвестиција за со редовна игра да се дојде до вонредна среќа.
Во тек е уплатата за коло 51, а премијата за 7-ка изнесува 7.000.000 денари.
Во летните горештини предлагаме онлајн уплата и онлајн-игра на www.loto.mk