X
 29.01.2019 Забава

Германец 20 години играл исти бројки на лото, па конечно стана милионер

Љубител на игри на среќа од германскиот главен град Берлин 20 години на лотарија ги играл истите броеви и викендов, конечно, освои 1,67 милион долари.

Играчот, чие име не се открива, од 1998 година упорно ги повторувал истите шест бројки на „Лото 6 од 49“, кое се извлекува секоја сабота, па деновиве конечно му се посреќи.

Според претставник на Лотаријата во Берлин, уплатата на добитното ливче чинела 6,75 евра.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава